ОВЕН
Работа: Неопходно е да имате на ум да не го сфатите лично она што околината го зборува, за да избегнете потенцијални расправи и непријатни ситуации.
Љубов: Доколку сте слободни ќе бидете привлечни на спротивниот пол, дури и две лица ќе се заинтересираат за вас. Тие се нешто постари од вас, само ја набљудуваат ситуацијата.
Здравје: Полни сте со енергија.
БИК
Работа: Бидете внимателни во текот на редовните обврски посебно кога е во прашање рутинска работа, од лична сигурност, може да направите греѓка.
Љубов: Очекувајте стабилизација на полето љубов ако сте зафатени.
Здравје: Чувајте се од можни воспаленија.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можно е пролонгирање или враќање на некогашните позици, но тоа нема да ве демотивира, напротив, ќе ве стимулира да ја исправите грешката од минатото и да тргнете напред.
Љубов: Ако сте ин атмау слободни, можно е некоја нова љубов, но овој пат тоа е поврзано со вашето поле на работа,а така најверојатно ќе бидете заинтересирани за некој од колегите.
Здравје: Минлива главоболка.
РАК
Работа: Притисокот на работа полека се намалува, и сега уживате во „плодовите“ на својата работа и труд.
Љубов: Иако сакате хармонија со партнерот, ќе бидете предизвикани па ќе реагирате, но препорака е сепак да се држите по страна и важни теми да оставите за некој друг период.
Здравје: Внатрешни немири.
ЛАВ
Работа: Вашата мотивација на многу завидно ниво, па можна е голема активација на работите кои ги одработувате. Следи заедничко вложување во стабилизација на финансиите.
Љубов: Причина се плановите за иднина, а партнерот е голема поддршка.
Здравје: Внимавајте на здравјето.
ДЕВИЦА
Работа: Некој од познаник или пријател ќе ви понуди помош, а вие добро размислете дали ќе ја прифатите.
Љубов: Преку социјалните мрежи, но и преку фамилијата ќе запознаете една интересна личност која ќе го привлече вашето внимание и ќе може да го промените својот емотивен статус.
Здарвје: Ќе ви годи диета.
ВАГА
Работа: Што се однесува до финансиите, вложувате во своето знаење. Внимавајте на комуникацијата со соработниците, затоа што може да се појави некој лажго.
Љубов: Една љубовна средба која се случила во текот на минатиот месец, може да прерасне во сериозна емотивна врска.
Здравје: Денеска сте посебно чувсвителни.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве загрижува финансиската ситуација, поради тоа што ќе ви се случуваат изненадувачки трошоци, но во прашање се обврски кои долго чекаат на подмирување.
Здравје: Внесувајте магнезиум повеќе.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Постигнувате добри резултати кога е работата во прашање и ќе бидете во добар однос со соработниците, колегите и надредените.
Љубов: Обратите внимание на комнуникацијата со саканата личност и немојте да паѓате на предизвици, затоа што е можно да влегувате во бесконечни расправии.
Здравје: Несоница.
ЈАРЕЦ
Работа: Нема да бидете расположени за компромис што на некои припадници на вашиот знак ќе предизвикаат караница со околината.
Љубов: На повидок е нова романса.
Здравје: Можни се повреди и замор.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ќе бидете задоволни со својот статус и друштво, што гледате како резултат на своето залагање.
Љубов: На емотивното поле доаѓа до проблеми. Двете страни ќе завземате свој став и без можност за компромис.
Здравје: Ќе ви годи масажа.
РИБИ
Работа: Голем дел од припадниците на вашиот знак доста ќе вложуваат во образованието, без разлика дали е во прашање школа или курс.
Љубов: Ако сте слободни, на многумина љубовта ќе им затропа на вратата. Многу веројатно е запознавање на нова личност преку семејството.
Здравје: Ќе ви годи прошетка.
