OBEH – Овој ден би требало да го посветите исклучиво на себе и активен одмор, и ќе ви годи. Не е поволен ден за работно ангажирање. Многу добар ден кога се познанствата во прашање. Ширите позитивна енергија и добро расположение. Чувствително грло.
БИK – Ќе се обидете да ги заобиколите големите обврски оваа недела и да се посветите на одморање. Некои важни разговори во љубовното поле, денеска се одвиваат по планот на другата страна. Избегнувајте нагли физички активности.
БЛИЗHAЦИ – Со прилично променливо расположение го чекате крајот на викендот. Ќе во годи друштво или совет од пријател. Се занимавате со позитивната страна на вашата љубовна врска, а минатото оставете го таму каде што му е место. Наспијте се.
PAK – Би требало да посветите денов за одмор и за дружба со пријателите или со семејството. Доколку сте задоволни со оваа состојба во љубовта, уживајте. Во спротивно чекајте подобар период за љубовна иницијатива. Одлично здравје.
ЛAB – Немате нагласена поддршка и помош од страна, така што ќе мора да се потпрете на сопствените сили денеска. А тоа може малку да ве забави. Во текот на оваа недела очекувајте дека ќе запознаете личност која не паѓа на шарм. Ќе мора повеќе да се потрудите да ја освоите. Многу добро здравје.
ДEBИЦA – Би требало наголемо да се подготвувате за новата работна седмица. Можно е обновување на контакти со некој соработник од минатото. На љубовното поле поволен ден се наоѓа пред вас кои имаат јасна ситуација и знаат што сакаат. Вие сте неодлучни, а времето поминува. Многу добро здравје.
BAГA – Вториот ден од викендот немате потреба за форсирање. Одморете, лесно подгответе се за следната работна недела, кој ќе биде подобар од минатиот. Одличен ден на љубовното поле доколку приказната ја оставите на страна, а повеќе посветете на конкретни љубовни потези. Сосема солидно здравје.
ШKOPΠИJA – Овој неделен ден ќе го минате во одлично расположение и задоволни разговори во врска со некои идни проекти. Одличен ден за сите љубовни акции. Страста никогаш не ви недостасува, и поради тоа уживајте максимално. Одлично здравје.
CTPEЛEЦ – Би требало да си дадете себе малку одмор. Ќе има обврски од утре, затоа денеска се може да почека. Треба да се опуштите во љубовта, и да не обраќате внимание на ситници, особено не од минатото. Можни проблеми со варењето на храната.
JAPEЦ- Ќе имате сешто на ум да одработите. Советот е да одморите, работата нема да побегне. Има поволна клима на во љубовната сфера ако сте планирале некои заеднички активности со личноста која ви значи. Многу добро здравје.
BOДOЛИJA – Не е препорачливо да се заморувате денеска. Ако нешто вонредно се појави, реагирајте Во спротивно одморајте и рекреирајте се. Ако уживате во разбирање и поддршка од саканата личност, тоа е одлично. А, вие потрудете се да и вратите со знаци на внимание. Одлично здравје.
PИБИ – Пред вас е еден од опуштените денови и искористете го за одмор. Надополнете го дружење со пријателите. Уживајте во добро друштво. Денеска може да очекувате неколку потенцијални фини реакции о личноста која некое време ви се допаѓа. Опуштете се и не размислувајте многу. Здравјето е многу добро.
