Дневен хороскоп за недела (29. ноември 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Максимално сте посветени на обврските. Добивате поволни вести од странски соработници.

Љубов: Расположени сте за дружење, но не успевате да запознаете личност која би ве интересирала.

Здравје: Одлично здравје.


БИК

Работа: Не успевате да ги надминете проблемите на работа, и поради тоа сте нервозни. Имате впечаток дека времето поминува, а никако да се мрднете од истото место.

Љубов: Брачниот партнер ви е поддршка.

Здравје: Напнатост.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Ги разработувате работните планови со надредената личност. Имате слични ставови, и разговорот е продуктивен.

Љубов: Иматеп прилика да влезете во необврзувачка врска, но другата страна не ве привлекува.

Здравје: Стабилно.


РАК

Работа: Работната ситуација е стабилна, и задоволни сте како работата се одвива. Ве очекува контакт со претставниците на медиумите.

Љубов: Уживате во времето минато со партнерот. Тој знае како да ве опушти.

Здравје: Одлично здравје.


ЛАВ

Работа: Задволни сте како работата се одвива. Сметате дека обемот на работа може да се зголеми и нудите нови можности на другата страна.

Љубов: Уживате во емотивна и стабилна врска.

Здравје: Солидно. Ќе ви годи рекреација.


ДЕВИЦА

Работа: Атмосферата на работа е наелектризирана. Работите под тензија и во суштина сте незадоволни од работата и особено од финансиите.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви делува емотивно стабилно.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.


ВАГА

Работа: Работата како да се одвива сама од себе. Поседувате знаење и искуство и работните обврски станале рутински, без предизвици.

Љубов: Брачниот партнер е незаинтересиран, но и натаму имате емоции кон него.

Здравје: Стабилно.


ШКОРПИЈА

Работа: Некои работи пробувате да ги решите на сила. Ако нешто не оди подобро, прифатете го, и фокусирајте се на другите обврски.

Љубов: Задоволни сте од односот со партнерот и тоа е најсветлата точка во вашиот живот.

Здравје: Ќе ви годи физичка активност.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува нервирање на работа поради лошиот однос со колегите и лошите финансии. Не успевате да се опоравите од неочекуван трошок.

Љубов: Емотивната сфера и понатаму не ве интересира.

Здравје: Можни проблеми со гениталиите.


ЈАРЕЦ

Работа: Припадниците на медиумите пробуваат да стапат во контакт со вас. Не ви интересира јавниот настап и ги одбивате.

Љубов: Ве очекува разговор со брачниот партнер околу семејство.

Здравје: Стомакот е чувствителен.


ВОДОЛИЈА

Работа: Не успевате да најдете заеднички јазик со работните партнери. Камен на сопнување се финансиите. Вие сте штедливи, но другата страна наклонета кон ризик.

Љубов: Уживате во запознавање и добра комуникација со симпатијата.

Здравје: Внимавајте на исхраната.


РИБИ

Работа: Расположени сте, оптимистични и вредни. Имате големи очекувања кога работата и финансиите во прашање.

Љубов: Задоволни сте од врската. Имате впечаток дека конечно дошло до стабилизација.

Здравје: На полето здравје нема проблеми.