Дневен хороскоп за недела (31. јануари 2021)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Среќата и овојпат ќе биде со вас, па некоја трета личност која има впечаток на случувањата, ќе разбере дека неправедно сте „турнати“ на страна, и ќе го завземе вашиот случај.

Љубов: Свртете се кон себе, со одредена личност може да имате големи шанси за успешна врска. Ситуацијата ќе ви биде наклонета.

Здравје: Настинка е можна.


БИК

Работа: Не одите преку некој кој ви е потребен, туку користете посредници во вид на пријатели, па така полесно ќе дојдете до целта.

Љубов: Ако сте во врска, постои можност за лоши односи и раздвојувања на краток период, кој добро ќе ви дојде да размислите за своите постапки.

Здравје: Водете сметка околу забите.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Поради борбата која ја водите, имате повремено пад на волјата, и блага доза на песимизам која вешто ја сокривате, а вртите негативни сценарија во глава. Тоа е проблематично во остварување на плановите.

Љубов: Емотивно, немојте да влегувате во конфликти, настојувајте да ги прескокнете. Бидете свесни за двостраните емоции, па немојте да правите грешен потег.

Здравје: Проблеми со грлото.


РАК

Работа: Многу подобри резултати може да остварите како свој „газда“, отколку како дел од некој систем. Ако работите администрација, почнете да работите хонорарно за да го поправите буџетот.

Љубов: И натаму немате намера да се врзувате. Сепак, немојте да бидете против судбинската врска, затоа што друга шанса ќе немате.

Здравје: Проблеми со уригениталниот систем.


ЛАВ

Работа: Доаѓа до промени, кои би можеле да влијаат на зголемување на стресот и работна теннзија. Ќе ви биде потребна уметност во прилагодување, а не критика.

Љубов: Слободните Лавови може да здивнат, затоа што се на праг на познанство со исклучителна личност. Ќе ви биде жал што порано не сте запознале, но ќе надоместите се она што мислите дека сте пропуштиле.

Здравје: Ве мачи стомакот, па водете сметка околу исхраната.


ДЕВИЦА

Работа: Цело време водите битка против себе и наклонетост работите да ги видите во полошо издание што реално се. Тоа би можело да ја намали вашата волја да се докажете.

Љубов: Ако сте во врска, ве очекува нестабилност. Веќе некое време се затегнати односите со партнерот, па потребно ви е малку повеќе толеранција, но и разговор.

Здравје: Пад на имунитетот.


ВАГА

Работа: Мотивирајте се себе си и не попуштајте пред пречките, затоа што тие се такви, што со малку волја, може да ги надминете и од се да излезете поискусни.

Љубов: На сето тоа некоја ситуација дома или меѓу семејството, би можела да ви ја комплицира ситуацијата.

Здравје: Нервоза е присутна.


ШКОРПИЈА

Работа: Ќе откриете некои интересни информации поради кои својот однос кон некои личности ќе го преиспитате и во иднина ќе ги држите на дистанца.

Љубов: Пробувате да најдете компромис во односот со партнерот, како и поволно решение. Немојте да докажувате дека се во право.

Здравје: Чувајте се од воспаленија.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Бидете внимателни и мудри кога е трошењето на пари во прашање, но и кога е во прашање начинот на доаѓањето до парите.

Љубов: Оние кои се во врска, се изладиле. Пробувате нешто да смените во односот.

Здравје: Одлично се чувствувате.


ЈАРЕЦ

Работа: Секогаш нешто чекарте, а решението не зависи од вас, туку од личноста која ви е важна за продолжение на нешто што сте го започнале.

Љубов: Пробувате да најдете компромис во односот со партнерот, како и поволно решение. Немојте да докажувате дека сте во право.

Здравје: Пад на имунитетот.


ВОДОЛИЈА

Работа: Надоместете ја пропуштената шанса, за оваа фаза да ја завршите со позитивен биланс. Некои работи кои ги пропуштаме, секогаш се враќаат.

Љубов: Слободните Водолии немаат сила да продолжат понатаму. Тоа не е добро, затоа што пропуштаат шанси кои подоцна ќе ви се укажат.

Здравје: Внатрешни немири.


РИБИ

Работа: Почнете што повеќе нови работи и превземете некои обврски кои ќе бидат финансиски исплатливи.

Љубов: Залудно страдате за саканата личност, која заминала по својот пат. Едни очи ве набљудуваат веќе долго време, но немаат храброст да ви пријдат.

Здравје: Ве мачи главоболка.