ОВЕН
Работа: Полека ги решавате некои проблеми кои од порано на работното поле ви се кочници.
Љубов: Ве очекува познанство со личност која ќе покаже дека има искрени чувства кон вас.
Здравје: Поволен ден за рекреација.
БИК
Работа: Можно е ситуацијата на работа да не ви одговара, и да размислувате за прекин на работата и за промени.
Љубов: Потребно е повеќе да се трудите за со партнерот да успеете да остварите подобар однос во иднина.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
БЛИЗНАЦИ
Работа: На полето работа може да имате некоја мала загуба ако ризикувате. Денешниот ден ви е генерално поволен.
Љубов: Доколку ви се допаѓа личност која не е слободна, ќе имате компликации со неа.
Здравје: Чувствителни дишни патишта.
РАК
Работа: Потрудете се да се посветите на работа. Од вас може да се бара повеќе одговорност на ова поле.
Љубов: Можно е да сте дошле до голема караница со саканата личност и вашиот однос да оди во поголема криза.
Здравје: Можни проблеми со бубрезите.
ЛАВ
Работа: Активно сте посветени на обврските и работата. Ве очекува ден во кој ќе бидете зафатени.
Љубов: Можно е да бидете наклонети кон флерт и на полето љубов сега лесно да остварите нови познанства.
Здравје: Потребно ви е повеќе сон.
ДЕВИЦА
Работа: Ако се занимавате со работи кои се поврзани со трговија, може да се надевате на позитивни околности денеска.
Љубов: Ве очекува период кој ќе ви донесе љубовни тешкотии.
Здравје: Постепено подобрување ви доаѓа.
ВАГА
Работа: Можно е да добиете нова работна понуда која ви ја поттикнува желбата за напредување и промени.
Љубов: Комуникацијата со саканата личност е многу променлива. Често имате караници.
Здравје: Чувствителни мочни патишта.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекува поволен период кога е во прашање на полето работа да донесете нови одлуки.
Љубов: Надевајте се на интересно познанство и шанса да влезете во нова, емотивна врска.
Здравје: Опуштете се со драги луѓе.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Поволен ден за одмор или патување. Не би требало да очекувате премногу обврски.
Љубов: Ако сте слободни, очекувајте поволен период да најдете личност која ви одговара за врска.
Здравје: Проблеми со синусите.
ЈАРЕЦ
Работа: Не ве очекуваат големи промени и проблеми на работа. Денешнито ден мирно ви минува.
Љубов: Ве очекува прилика да ја обновите комуникацијата со личноста од минатото кон која и натаму имате чувсства.
Здравје: Проблеми со циркулација.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ве очекува период во кој ќе имате работни проблеми. Судбината не ви е наклонета и ве очекуваат компликации.
Љубов: Наскоро ќе влезете во врска која може да опстане на долги патеки во иднина.
Здравје: Минлива кашлица.
РИБИ
Работа: Можно е самите себе да си направите некои проблеми на работното поле затоа што брзате.
Љубов: Ви годи внимание и нежност кое ви го покажува личност која ви значи.
Здравје: Наклонети сте кон восплаенија.
