ОВЕН
Работа: Оптимистички сте расположени кога е во прашање соработка со странците. Им праќате половна понуда и очекувате позитивен одговор.
Љубов: Вљубени сте и во целост посветени на партнерот. Но, тој нема ист однос кон вас.
Здравје: Солидно.
БИК
Работа: Ситуацијата е задоволувачка. Обврските ги работите нормално, нема никаков застој.
Љубов: Се сомневате кога е брачниот партнер во прашање. Шестото сетило ви говори дека не е во целост искрен кон вас.
Здравје: Ограничете го внесот на слатки.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Пробувате да воспоставите работна соработка со странците. Нивната реакција е млака, па се прашувате какви се шансите да ги реализирате своите идеји.
Љубов: Подготвувате изненадување на брачниот партнер.
Здравје: Можна болка во кичмата или колената.
РАК
Работа: Одличен ден за контакт со претставниците на медиумите. Делувате доверливо, како личност на која може да се потпрат.
Љубов: Ве очекува познанство со многу чувствителна личност.
Здравје: Задоволувачко.
ЛАВ
Работа: Максимално сте фокусирани на обврските и ја следите реализацијата на плановите. Се се одвива како сакате, и задоволни сте.
Љубов: Сметате дека односот со брачниот партнер е стабилен, но не приметувате дека партнерот е загрижен.
Здравје: Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Имате силен ритам. Приоритет ви се обврските кои придонесуваат за зголемување на буџетот.
Љубов: Силно ви значи поддршката која ја добивате од брачниот партнер. Размислувате дека бракот бил вистинска одлука.
Здравје: Стабилно здравје.
ВАГА
Работа: Задоволувачка е ситуацијата на работа. Обврските ги работите во нормална, опуштена атмосфера.
Љубов: Во мислите ви е поранешниот партнер и поранешната врска. Признавате себе дека сте повлекле низа лоши потези кои довеле до прекин.
Здравје: Можни проблеми со хормоните.
ШКОРПИЈА
Работа: Ситуацијата на работа е добра. Успешно го завршувате проектот и добивате пофалби и честитки.
Љубов: Ви се допаѓа личност која ве смета за пријател. Не сте сигурни дали да и ги откриете емоциите.
Здравје: Проблеми со грлото.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Максимално сте посветени на обврските. Имате добра концентрација и точно знаете како и што се развива.
Љубов: Одличен ден за ново познанство со темпераментна личност.
Здравје: Проблеми со варењето на храната.
ЈАРЕЦ
Работа: Задоволни сте како работата се одвива. Заинтересирани сте на понатамошен развој на обемот на работа.
Љубов: Ве очекува интересно познанство. Другата страна ќе ви се допадне на прв поглед.
Здравје: Време е за редовна контрола кај стоматолог.
ВОДОЛИЈА
Работа: Уживате во комуникацијата. Одличен ден за излегување во медиумите каде оставате поволен впечаток.
Љубов: Имате проблем на симпатијата да и ги покажете своите емоции. Другата страна смета дека сакате пријателски контакт.
Здравје: Стабилно здравје.
РИБИ
Работа: Амбициозни сте и максимално фокусирни на работните обврски. Ве очекува финансиска добивка.
Љубов: Имате симпатија, ама не знаете како да и пријдете. Се плашите дека ве гледа како пријател.
Здравје: Се чувствувате добро.
