ОВЕН
Морате да се насочите кон она што не сте го завршиле во текот на оваа недела, а тоа сега тешко ви паѓа. Мозокот ви е на некоја друга страна и ќе ви треба голема организираност се да завршите. Вечерта е наменета за дружење и контакти со пријателите. Таен флерт.
БИК
На работа се функционира добро. Сепак, вие како да не сте во целост задоволни и може да посакате во некои работи да ризикувате, само да добиете побрзо темпо. Денов ќе го искористите за својата фамилија и најблиските. Можно е фамилијарно собирање.
БЛИЗНАЦИ
Навистина нема причина за нерасположение кое ќе ве следи. Она што било можно да го направите, сте го направиле, а оние работи кои и натаму се во застој или не сте ги решиле, пролонгирајте ги а слендата недела. Ви се чини дека емотивниот партнер се дистанцира. Можеби е само изморен, како и вие.
РАК
Некои работи добро се одвиваат и тоа веќе почнува да предизвикува сомнеж кај вас. Се плашите дека во последен момент нешто ќе се случи и нема да дојдете до саканата цел. Емотивните контакти во текот на денешниот ден се главно скриени, од тајна природа.
ЛАВ
Вие навистина се нашле вистински момент кога да се разработите. Зарем на крајот од работната седмица? Како некои ситуации кај вас да ве поттикнале, па сте се растрчале на сите страни. Имате и големи планови за попладне и навечер.
ДЕВИЦА
Денеска денот ви е целосно наклонет. Брзо ќе завршите сето она што го имате како обврска, ќе го земете телефонот и ќе направите договори за попладне и вечер. Сето она што е врзано за работата оставете го зад себе и спремајте се за журка. Денеска би можело да се случи некое значајно познанство.
ВАГА
Добро одлучете како ќе се поставите кон некои луше. Заслужуваат да бидат ладни и дистанцирани, но не заборавајте дека некој можеби ќе ви затреба службено. Сепак, одлуката е на вас. Ако сте слободни, попладне и вечерта ќе ја минете во кругот на семејството.
ШКОРПИЈА
За крајот на неделата сте ги оставиле оние обврски кои ви се најнепријатни. Некако ви е лесно длабоко да вдишете и да го одработите сето тоа одеднаш. И на работната недела та ставите точка. А попладне и навечер може да ви минат во убави моменти со саканата личност или со пријателите.
СТРЕЛЕЦ
Веројатно ќе работите подолго од што сте планирале, и со нетрпение ќе чекате да дојдете дома. Не ви е до излегување ниту до забава, само сакате да се одморите. Иако неделата мина мирно, сепак, се чувствувате исцрпени.
ЈАРЕЦ
Ќе се трудите да ги исполните задачите кои се поставени пред вас, и да го завршите сето она кое сте го испланирале на време. Доволно сте сконцентрирани и организирани и тоа не би требало да претставува проблем. Попладне и навечер е време за љубов.
ВОДОЛИЈА
На работа ќе бидете молчаливи и ќе работите. Ги разработувате последните детали на планот или проектот и во целост сте фокусирани на тоа. Не сакате ниту најмала ситница да испуштите. Се е што е врзано со тајни односи максимално се активира.
РИБИ
Денеска комуникацијата со соработниците и колегите оди лесно. Имате забелешки, но моментално немате волја да ги изнесувате, туку ќе премолчите. А вечерта е само ваша. Веќе неколку дена се подготвувате да уживате до максимум. Се ви е отворено за добра забава.
