Oвeн – Прифатете конструктивен совет и размислете за промена на некој деловен концепт, или некој сосема нов проект. Денес најмногу ќе уживате во домашната атмосфера. Расположението ви е променливо.
Биĸ – Биковите имаат многу идеи и планови, но би било добро да ја одложат својата иницијација за подоцна. Поточно, не заглавувајте се во некоја работа за која немате доволно информации. Не е исклучено барем едно пријатно изненадување од саканата личност, а на вас останува да се опуштите и да возвратите на најубав можен начин.
Близнaци – Во овој ден, потрудете се да не се „растргнете“ на 100 страни, иако би сакале да направите многу, тоа ќе биде сосема доволно да го завршите започнатото, а пред се поврзано со документацијата. Не е исклучено обичен флерт да се претвори во нова убава љубовна приказна. Уживајте.
Paĸ – На Раковите им претстои прилично мирен и опуштен ден, па се очекува на задоволителен начин да ги завршат планираните обврски. Бидете иницијатор за убаво и опуштено дружење со пријателите, домашната верзија е она што најмногу ви се допаѓа.
Лaв – Последниот работен ден од оваа недела носи напнатост кај Лавовите поради некои ситуации кои само ќе го забават сето она што сакате да го забрзате. Би било убаво да префрлите што помала напнатост во другите сфери од животот, особено кога се во прашање љубовните врски.
Дeвицa – Еве можност Девиците да одморат кога е обемот на работа во прашање, и навреме и правилно да ги завршат сите планирани обврски. Можеби ве привлекува малку интригантна личност, обидете се да ја започнете приказната на вистински начин и очекувате другата страна да ви возврати.
Baгa – Не се расфрлајте на многу страни овој ден. Работете на вашите приоритети и почнете да ги спроведувате чекор по чекор. Денеска од деловно опкружување ви доаѓа интересно познанство или покана за дружење.
Cĸopпиja – Овој петок би можеле да очекувате комуникација со поранешните колеги или деловни партнери, а не е исклучен и деловен договор кој долго време го посакувате. Доволно интересно познанство денес би можело да ви го преокупира вниманието во сферата на љубовните врски.
Cтpeлeц – Без разлика на огромниот труд и вложената енергија, денешните деловни резултати на најтипичните Стрелец ќе бидат под личните очекувања, особено што ќе мора да повторите некои потези. Во љубовната сфера резултатите би можеле да бидат многу задоволувачки, доколку не размислувате за минатото.
Japeц – Денеска ве очекува порелаксиран ден во однос на претходните, за да можете успешно да ја доведете до крај работната недела, иако со чувство на блага психичка исцрпеност. Потребна ви е релаксација и во љубовната сфера. Сè зависи од вашето расположение.
Boдoлиja – Поволни околности ќе ги придружуваат Водолиите овој петок, па затоа се препорачува првенствено да ги доведете до крај активностите што сте ги започнале, а во наредните денови ќе има време за нови иницијативи. На прв поглед работите на љубовно поле се одвиваат онака како што вам ви одговара. Сепак, не се опуштајте премногу, не се исклучуваат изненадувањата.
Pиби – Многу е важно рационално да ги користите енергетските ресурси, особено поради дополнителните обврски кои може да се појават од време на време. Потребен ви е фокус овој петок на полето на љубовните врски, инаку конфликтните информации може да го искомплицираат овој солиден ден. Бидете отворени да разговарате за било што.
