Дневен хороскоп за петок (05.05.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oвен

Принудени сте часови да минете во круг на луѓе кои не ви укажуваат почит кое вие сметате дека го заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, туку лица чии интереси немаат допирни точки со вашите, па така не сте интересни ниту да ве проценуваат.

Бик

Ставате „розови очила“ и дозволувате на себе да „тонете во царство“ на соништа. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која со своето благонаклонето однесување ви испраќа сигнал дека ве почитува, а вие верувате дека се во прашање љубовни сигнали.

Близнаци

Вишокот на слободно време ви дава простор себе да се преиспитате дали е патот по кој одите вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради реално лошата ситуација, туку во прашање се многу длабоки механизми, кои, моментално, не може да ги приметите.

Рак

На вашите проблеми им се гледа крајот. Тој малку жар кој останал во вас после периодот кој е зад вас, ќе биде доволно повторно да се „кренете“. Искористете го денешниот одмор, темелно подгответе го теренот за периодот кој е пред вас.

Лав

Можни се потези кои од корен ќе го променат вашиот професионален пат. Доколку размислувате за позајмици на пари, најдобро е да се откажете затоа што после потпишување на договорот ќе видите непријатна клаузула која не сте ја приметиле на време.

Девица

Ако сте во почеток на нов прокет, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја приведете кон крај. И покрај тоа што многу сте очекувале и со своите преголеми амбииции сте пречеле на реализацијата, сега прифаќате компромис и продолжувате понатаму.

Вага

Во вам сериозно расте тензија затоа што се соочувате со големи предизвици кои мора да ги решите. Одлично функционирате под притисок, но, оној момент кога работите ќе ги доведете до крај, ви следува енергетски пад, што може да остави трага на здравјето.

Шкорпија

Вниманието е насочено на проблематичната ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. Кулминацијата стигнува после пладне кога ќе настапат прислни промени, доколку дотогаш вие сами не ги спроведете.

Стрелец

Се чувствувате дека некој ве агрозува. Победата е можна со голема борба доколку бидете истрајни. Многумина овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија, а се тоа како резултат на некои промени кои се одвиваат во фирмата во која работите.

Јарец

Ќе ви биде дадена шанса своите идеји, кои досега биле неразбрани, конечно да ги презентирате на прифатлив начин и да добиете поддршка од колеги од кои најмалку сте очекувале. Освен тоа, бидете внимателни во сообраќајот.

Водолија

Партнерот ве провоцира и ве доведува во искушение. Ако реагирате многу „жешко“, тогаш можно е во афект да ви излета нешто што сте посакале да го премолчите. Бидете одмрени за врската да не заврши со прекин, особено ако криете нешто што саканата личност не смее да дознае.

Риби

Пред вас е ден во текот на кој ќе се борите помеѓу тоа да бидете покорни и на сите да им одите по волја, и потреба жестоко да реагирате на критиките кои би ги упатиле на другите. Резултат од се е голем замор кој ќе ве совлада во текот на вечерта.