Дневен хороскоп за петок (06.01.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овен

Не сте сигурни што сакате. Можно е мало подобрување на расположението, иако некои проблеми и натаму постојат. Сепак, може да здивнете, затоа што денешниот ден не носи ништо лошо, иако нема ниту некое подобрување.

Бик

Своите планови ги врзувате за ветувања кои ви ги дале пријателите. Премногу одлагања може да ве доведат во негледна ситуација во која на крајот ќе се правдата на претпоставените со аргументи кои ќе бидат смешни, но сепак, прифатливи.

Близнаци

Постои шанса вашата желба за промена на работното место да се оствари. Водете сметка, мора да бидете свесни, дека ако тоа го сторите, влегувате во целосно нов живот, и после тоа нема враќање по старо.

Рак

Можни се потези кои од корен ќе го променат вашиот професионален пат. Доколку размислувате за парични позајмици, најдобро е да се откажете. После потпишување на договор ќе ве чека непријатна клаузула која не сте ја приметиле на време.

Лав

Одлично сте координирани, па така денот минува без проблеми. Поради недостаток на комуникација може да направите некоја грешка, која ќе предизвика мала штета, која не ви оди во прилог.

Девица

Ве стигнуваат долговите кои сте ги направиле во минатото. Сознанието стигнува низ писмена опомена која ќе ве вознемири. Пред да ве фати паника, направете нова пресметка и на тој начин и план кој ќе ве извади од несаканата ситуација.

Вага

Размислувате за работа наместо моменталната позитивна енергија да на поделтите со најблиските кои, во минатиот период, сте ги запоставиле. Ве депримира непријатната атмосфера околу вас, а не гледате дека, впрочем, вие сте причина за таквото расположение.

Шкорпија

Вниманието е насочено на пролематична ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. Клуминацијата стигнува околу пладне, затоа што ќе настапат присилни промени, доколку вие до тогаш самите не ги исконтролирате.

Стрелец

Не ви годи доминацијата на саканата личност, а не земате во предвид дека таквиот однос е предизвикан од вашето повлекување. Можеби мислите дека другата страна самото тоа го изрежирала. Немојте да се лажете себе и другите, со препуштање на водството сте ја занемариле одговорноста.

Јарец

Бегството од реалноста е најлесен ако се фокусирате на туѓите животи и проблеми кои не припаѓаат на вас. Иамо верувате дека сте во света мисија на другите луца, во позадина, всушност, само избегнувате соочување со сопствените проблеми кои чекаат само вие да ги решите.

Водолија

Малку сте изморени од интензивното дружење кое партнерот го форсира во последно време. После силните случувања и излегувања, потребен ви е одмор. Немојте да откажувате, соопштете го тоа на саканата личност, и ако сте во можност заминете некаде.

Риби

Аспектите ви носат прилив на енергија која во изминатиот период ви недостасуваше. За жал, паралено доаѓаат и нови обврски, кои носат секоја убавина во последно време да биде занемарена. Пред вас е напорен ден за кој нема да ја добиете очекуваната награда.