Oвeн – Ништо не може да ве закочи на професионалниот пат, иако имате засилен напор и потрошена енергија. Водете сметка околу финансиските трошоци. Денеска би можеле повеќе од вообичаеното да се препуштите на страствените мигови со вашата сакана личност. Пад на имунутетот, хранете се здраво.
Биĸ – Пред вас се доста договори со блиски соработници околу деталите за понатамошната работа. Бидете трпеливи во комуникацијата. Ништо ново на љубовното поле нема во најавата за овој ден. Ако сте задоволни од актуелната состојба, потрудете се да го одржувате тоа во постојано ниво. Многу добро здравје.
Близнaци – Одредени околности денеска би можеле да ви одат од рака за конечно оваа работна седмица да ја завршите во плус, што се однесува до завршувањето на важните работи. Акцентот е на комуникацијата. На љубовта ако има некое несогласување, сега е најдобро време да го расчистите и опуштено да продолжите понатаму. Потребна ви е психофизичка релаксација.
Paĸ – Доста непланирани ситници би можеле да ве изнервираат, особено поврзани за документации, но ќе успеете се да решите. Ако сакате забава, од вас се очекува да почнете иницијатива и да ја анимирате новата симпатија. Здравјето е многу добро.
Лaв – Проверете уште нешто од документацијата да не останало незавршено, за да може опуштено да се посветите на новите планови. Овој петок е поволен за дружба со пријатели, па би можеле убавите мигови да ги минете со некое излегување. Искористете ги поволностите и уживајте. Здравјето е солидно.
Дeвицa – Заморот поради големиот број на професионални ангажмани ќе биде приметен. Потрудете се да не направите некоја грешка или пропуст, особено кога се финансиите во прашање. Иако сакате да ги забрзате работите кога е во прашање нова интригантна личноста која сте ја запознале, советот е да се опуштите и оставите ситуацијата да оди по природен тек. Зајакнете го иминутетот.
Baгa – Успешно и без некои големи потешкотии ќе успеете да ги завршите сетоа она кое сте го планирале, но само ако сте фокусирани на она што го правите. Убав љубовен ден е пред вас доколку се ангажирате и максимално се посветите да ја усреќите драгата личност. Некој податок би бил пригоден елемент. Поработете на имунитетот.
Cĸopпиja – Eнepгиjaтa нa oвoj дeн мoжeби ja дoживyвaтe ĸaĸo мoмeнт нa ocлoбoдyвaњe, бeз дa мoжeтe дa ĸaжeтe зoштo или oд штo cтe ce ocлoбoдилe. Oвa e дeн ĸoj мoжe дa ви пoĸaжe ĸoи ce вaшитe пoтpeби и ĸoи ce вaшитe виcтинcĸи дoпaѓaњa.
Cтpeлeц – Ќе се обидувате да го исполните сето она кое се очекува од вас и она кое самите сте го зацртале, а тоа не се мали цели. Ќе успеете. Ако сте слободни, различни видови на комуникации ќе се активираат денеска, почнувајќи од работа, па преку социјалните мрежи, можеби ќе ве контактира и личност која ве познава. Многу добро здравје.
Japeц – Со порано договорени и испланирани обврски за денеска, можно е и наметнување на дополнителни активности од авторитетот. Вашата професионалност е многу ценета. Немојте да дозволите обврските да ви ги расипат љубовните планови. Обидете се некако сето тоа да го избалансирате. Чувствително грло.
Boдoлиja – Имате целосна поддршка и доверба од соработниците и нивната помош добро ќе ви дојде. Пробајте да се опуштете во друштво со личноста која ви значи. Разговарајте за се, бидете позитивни. Кажуваат дека превенцијата е половина здравје.
Pиби – Напнато денеска може да биде што по прашање на организација, што по прашање на комуникација. Со целиот ваш труд и енергија, некои работи ќе мора да ги пролонгирате за следните денови. Добро друштво, добра енергија, добра забава, тоа е она што ви треба и што ве исполнува. Уживајте, петок е. Стресот исфрлете го низ физичка активност.
