Дневен хороскоп за петок (09.02.2024)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oвeн – Сите очекувања се дека ќе бидете задоволни на крајот на работниот ден од постигнатото. Многу добар ден да уживате во вниманието на саканата личност, но доколку и посветите време. Организирајте некое излегување. Можни респираторни тегоби.

Биĸ – Од вас се очекува посебен ангажман и почнување на нови иницијативи. Ќе ви биде потребна помош од искусните соработници. Потрудете се денот со саканата личност да го минете опуштено и на некое убаво место. Многу добро здравје.

Близнaци – Одличен работен ден. Може да ви се укажат бројни можности за нови контакти и преставување на нови идеи. Бидете на висина на задачата. На љубовното поле, очекувајте неколку интригантни ситуации, па околностите за нови можности се поволни. Можна главоболка.

Paĸ – Бројни предизвици и пречки се пред вас денеска. Совет е да не почнувате нови работи затоа што и постоечките ви задаваат проблеми или поголеми потешкотии. Обидете се повеќе внимание да насочите кон саканата личност, а не само кон себе и кон сопствените потреби. Потребна ви е психофизичка релаксација.

Лaв – Без разлика што е крај на работната седмица, многу интересни идеи, кои чекаат професионална реализација, можат да добијат конкретни ветувања за почеток. Може да запознаете една интересна и привлечна личност. Само прашање е колку ќе имате заеднички точки за нешто заедничко. Многу добро здравје.

Дeвицa – Важно е да не губите трпение и да не се нервирате ако во текот на денот не оди се според планот и онака како што сте очекувале. На љубовното поле постојат контакти кои ви годат, но и натаму нема простор за љубовна приказна. Пад на имунитетот.

Baгa – Ќрајот на работната седмица го очекувате многу ангажирано на професионалниот план. Се ќе биде насочено кон квалитетно и професионално одработување на обврските. Одличен ден за провод, за дружење со пријателите. Искористете го на најдобар можен начин и уживајте. Многу добро здравје.

Cĸopпиja – Некои договори може да бидат променети или искомплицирани во последен момент, но тоа не значи дека треба да се откажеете од нив. Нема најави за капитални промени на вашето љубовно поле. Евентуално некоја необврзувачка комуникација преку социјалните мрежи. Многу добро е здравјето.

Cтpeлeц – Водете сметка да не се оптоварите премногу со обврски, затоа што ви недостасува енергија. Завршете го прво што е приоритетно. На љубовното поле, бројни варијанти ви се мотаат низ глава, па ќе биде тешко да се одлучите. Изберете она што најмногу ви е кон срце. Здравјето е добро.

Japeц – Можно е да ви се отворат многу добри шанси за кои треба да размислите за работното поле. На љубовниот хоризонт, обидете се да го сопрете нетрпението затоа што во блиска иднина ве очекуваат поволни околности за преземање на иницијативи. Одморете се добро.

Boдoлиja – Со нешто поголем напор и вложена енергија, ќе успеете да ги совладате сите пречки. Очекувајте и поддршка и пофалби од страна на оние кои одлучуваат. Не е лош ден ако сте замислиле да се посветите на некои промени во вашиот љубовен живот. Многу добро здравје.

Pиби – Бидете подготвени на промени, на пресврти на информации кои ви носат нови можности. За слободните припадници на овој знак, работи времето. Важно е да бидете трпеливи и да не се откажувате. Можна главоболка.