Oвeн
Обидете се овој последен ден од работната седмица да го завршите со што помалку несогласувања со надредените. Немојте да се потпирате на приказни, туку љубовната ситуација согледајте ја од повеќе агли. Можна главоболка.
Бик
Вашата упорност и терање на инает по секоја цена може да ви донесе сатисфакции на работното поле. Можеби нема да ги истерате сите услови како што сакате, но секако ќе бидете задоволни од постигнатото. Нема знаци на некои капитални пресврти од преходниот ден, а вие не очекувајте дека среќата ќе ви падне од неб. И натаму ве мачат ревматски тегоби.
Близнaци
И покрај тоа што може да очекувате бројни препреки во комуникацијата и органиацијата, ќе успеете со сето тоа да се изборите онака како што сте решиле. Ако и натаму ве водат страстите, а малку разумот, наскоро ќе добиете корисна љубовна лекција. Многу добро здравје.
Paĸ
Чистите ги заостанатите обврски, обавесно контролирајте се неколку пати, мејлови, документација… и големи проблеми ќе нема. Треба да уживате во добра комуникација преку социјалните мрежи. Никогаш не се знае. Многу добро здравје.
Лaв
Иако ви е преку глава од мејлови, документи, идзржете уште денеска и контролирајте се што има врска со овој сегмент. Имате шанси нешто да промените на подобро во своите односи на љубовното поле. Од вас зависи. Можна главоболка.
Девица
Особено бидете внимателни кога се формалности во прашање, текови на информации и договори во прашање. Можни се превиди и несогласувања, па немојте да дозволите да влезете во конфликт со некои од соработниците. Некои љубовни планови одложете ги за друг ден. Опуштете се од напорниот ден. Напнатост ве следи.
Вага
Немојте да дозволите поради ситен пропуст да си го комплицирате животот. Добро организирајте се и проверувајте го она што го работите. Може да почнете одлична комуникација со личноста од вашето минато. Ќе ви годи. Можни проблеми со спиење.
Шкорпија
Иако се може да оди бавно денеска, немојте да се обесхрабрувате, доаѓа поволен период. Опуштете се колку што е можно повече. Ако сте слободни, има повеќе шанси за познанство, особено преку социјалните мрежи. Ако излегувате со друштво, може да наидете на заинтересирана личност. Здравјето е одлично.
Стрелец
И денеска вашите комуникациски и организациски вештини ќе бидат на тест. Покажете кој сте и што умеете. Пријатните моменти ќе ги доживеете со дружба со старата симпатија, поранешната љубов. Ќе ви годи потсетување на некои убави моменти од минатото. Многу е добро здравјето.
Јарец
Иако сте исцрпени до крајни граници, тоа нема да ве спречи и последниот атом на енергија да го вложите и да завршите со она кое сте го започнале. Вие неслучајно сте најиздржливиот знак. Ако се воздржите од коментари, можеби ќе имате некое фино љубовно изненадување. И натаму ве мачат ревматски проблеми.
Водолија
Ако не е потребно, немојте да почнувате некои нови проекти. Ако почнете, тогаш консултирајте се со личност од доверба. Се гледа стабилизација во вашите љубовни односи. Бидете трпеливи со вашата сакана личност и се ќе биде во ред. Можна главоболка.
Риби
Ќе имате потреба за ангажирање на нови соработници. Не бегајте од тоа затоа што може да имате само корист, а помош ви е потребна. Променливо ќе биде на љубовното поле, особено ако се сомневате во партнерот. Потребна ви е психофизичка релаксација.
