Дневен хороскоп за петок (16. октомври 2020)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Полни сте со самодоверба, и без многу двоумење влегувате во работно ризичен предизвик.

Љубов: Емотивната фаза кога е во прашање, пробувате да наметнете свои стандарди.

Здравје: Солидно здравје.


БИК

Работа: Носење на работни одлуки претставува ноќен кошмар за вас. Не сте сигурни која одлука ќе донесе резултати.

Љубов: Емотивното поле трпи поради работата. Од желба да одработите нешто како треба, го одложувате љубовниот состанок.

Здравје: Проблеми со хормоните.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Не се снаоѓате најдобро во комуникацијата со потенцијалните соработници. Вашето презентирање на идеите не го остава очекуваниот впечаток кон нив.

Љубов: Со симпатијата го одржувате пријателскиот контакт.

Здравје: Напнати сте.


РАК

Работа: Огромната енергија која сте ја вложиле во некоја работа, конечно, дава одлични резултати. Добивате пофалба од надредените.

Љубов: Не сте задоволни од бракот. Односот станал ладен.

Здравје: Добро.


ЛАВ

Работа: Изненадувачки добивате две работни понуди. Се чувствувате моќно, затоа што сте барани. Ви треба време да одлучите која понуда повеќе ви одговара.

Љубов: Ја користите можноста на интернетот и преку друштвените мрежи запознавате интересна личност.

Здравје: Солидно.


ДЕВИЦА

Работа: Се двоумите околу две опции. Во прв момент едната ви делува подобро, во друг втората.

Љубов: Наклонети сте да наоѓате маани на партнерот. Ситници ви пречат. Партнерот чека вашето лошо расположение да помине.

Здравје: Напнати сте.


ВАГА

Работа: Одличен ден за одржување на работен состанок. Заминувате потполно подготвени за дебата и ги постигнувате сите услови.

Љубов: Имате лоша комуникација со партнерот. Воопшто не ве интересира што сака да ви каже.

Здравје: Уморни сте и ви треба одмор.


ШКОРПИЈА

Работа: Без оглед на тоа колку енергија вложувате во работата, имате впечаток дека се е залудно.

Љубов: Емотивната сатисфакција е поврзана со тајна врска, не со јавен однос.

Здравје: Не е лошо, но имате пад во расположението.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Енергични сте и самоуверени. Без никакво двоумење носите важни работни одлуки.

Љубов: Иста работа и во љубовниот однос: носите одлуки без консултирање со другата страна што предизвикува караница.

Здравје: Солидно.


ЈАРЕЦ

Работа: Не сте задоволни од финансиската ситуација. Сте очекувале прилив на пари, но информацијата вели дека до тоа, сепак, нема да дојде и ве вознемирува.

Љубов: Сосема случајно запознавате нова личност која остава одличен впечаток.

Здравје: Стабилно.


ВОДОЛИЈА

Работа: Имате впечаток дека цел ден состанчите, а малку време посветувате на конкретна работа.

Љубов: Не сте задоволни од комуникацијата со партнерот. Реагирате премногу бурно.

Здравје: Пад на расположението.


РИБИ

Работа: Доаѓа до стагнација на работа. Ја откривате и причината и го решавате во од.

Љубов: Емотивно не сте задоволни. Сигурни сте дека врската нема потенцијал и дека преовладува криза.

Здравје: Одмор ви е неопходен.