Дневен хороскоп за петок (17. април 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Денеска ќе има мали промени кога е во прашање работата. Нема да ви биде лесно да ги остварите своите планови.

Љубов: Моменталната ситуација помеѓу вас и саканата личност ве води до караници и проблеми. Не сте задоволни од врската.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.


БИК

Работа: Добро сте расположени и мотивирани за работа. Може да очекувате дека ќе остварите добри резултати. 

Љубов: Ако сте влегле во некоја нова љубовна врска, работете околу тоа да бидете отворени кон партнерот. 

Здравје: Чувствителни зглобови. 


БЛИЗНАЦИ

Работа: Денеска сте напнати, па на работното поле се ви пречи. Тешко ви е да се сконцентрирате.

Љубов: Саканата личност ќе ги покаже своите искрени чувства кон вас. Подготвени сте и да и вратите.

Здравје: Вкочанетост.


РАК

Работа: Денеска ќе имате пречки на полето работа. Нема да успеете да го реализирате сето она што сте го сакале.

Љубов: Ако сте слободни, подготвени сте за нови познанства и за почеток на некоја сериозна љубовна врска.

Здравје: Проверете го нивото на холестеролот за секој случај.


ЛАВ

Работа: Денеска ќе успеете да ги остварите своите планови. Ќе бидете задоволни поради ситуацијата на работа.

Љубов: Можно е случајно да остварите познанство со личноста кон која ќе почнете да имате чувства.

Здравје: Одлично се чувствувате.


ДЕВИЦА

Работа: Може да очекувате дека ќе имате некои нови прилики за заработка. Подготвени сте да се насочите кон промени.

Љубов: Имате многу доверба во саканата личност и подготвени сте со неа да градите иднина.

Здравје: Избегнувајте внесување на шеќери.


ВАГА

Работа: Пред вас е периов во кој ќе имате многу обврски. Можно е работата да ви станува напорна.

Љубов: Многу сте вљубени во саканата личност и имате добар однос.

Здравје: Проблеми со главоболка.


ШКОРПИЈА

Работа: Не ве чекаат никакви обврски кога е во прашање работата. Денешниот ден ви е поволен за одмор.

Љубов: Можо е да не ви е лесно да донесете одлука околу прекин на врската во која се наоѓате.

Здравје: Проблематична циркулација.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува период во кој ќе бидете наклонети кон проблемите кога е во прашање работата.

Љубов: Можно е во вашиот љубовен живот недостасуваат некои промени. Чувствувате дека владее монотонија веќе долго време.

Здравје: Покачен притисок.


ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да дојде до мали промени во односот со соработниците. Тие промени добро ќе се одразат на вашата работа.

Љубов: Ако сте зафатени, со саканата личност ќе имате многу добар однос денеска.

Здравје: Вкочанетост.


ВОДОЛИЈА

Работа: Со колегите со кои соработувате остварувате позитивна работна атмосфера од која сте задоволни.

Љубов: Подготвени сте за нови познанства и ве очекува добар период за флерт и за љубовни промени.

Здравје: Проблеми со црниот дроб.


РИБИ

Работа: Може да се надевате на прилика на остварување на подобрување на заработката. Подготвени сте на работа да ги примените своите креативни идеји.

Љубов: Ви се допаѓа личност која ја познавате од порано. Подготвени сте за нешто повеќе.

Здравје: Немате проблеми.