Дневен хороскоп за петок (20. март 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Ве очекува мала финансиска криза. Денешниот ден не ви е поволен за поголеми трошоци.

Љубов: Љубоморни сте и ве оптоварува сомнителноста која ја имате во партнерот. Наредниот ден ви носи компликации.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


БИК

Работа: Многу драстични промени на ова поле денеска ве очекуваат. Доста работи сега ви се менуваат, и не сте сигурни во својата иднина. 

Љубов: Ако имате партнер, со него ќе успеете да остварите добар однос. 

Здравје: Чувајте ги бубрезите. 


БЛИЗНАЦИ

Работа: Пред вас е фаза која може да биде многу поволна. Судбината ви е наклонета за работа сега.

Љубов: На полето љубов ве очекува нова средба и познанство со личност која ќе биде оригинална и посебна.

Здравје: Проблеми со крвна слика.


РАК

Работа: Ве очекува опуштена фаза за работното поле. Денешниот ден не ви носи премногу промени и обврски.

Љубов: Може да очекувате дека ќе успеете да направите она што можете за да го сочувате бракот.

Здравје: Ќе ви годи вежбање.


ЛАВ

Работа: Очекувајте нова шанса за работа. Пред вас е поволен период за да се определите за промени.

Љубов: Односот со вашиот партнер во голема мера зависи од вашето поставување кон него.

Здравје: Проблеми со варење на храната.


ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува прилика за склопување на нова работа која ќе ви биде значајна на долги патеки во иднина.

Љубов: Можно е да покажувате несигурност во комуникацијата со симпатијата.

Здравје: Генерално добро.


ВАГА

Работа: Ќе успеете да ги остварите своите планови. Работата ви оди од рака и задоволни сте со себе.

Љубов: Можно е да не сте сигурни во партнерот и често наоѓате различни причини да се сомневате во неговата искреност.

Здравје: Прошетајте.


ШКОРПИЈА

Работа: Во текот на денешниот ден ве очекуваат компликации и проблеми кога е во прашање работата.

Љубов: Подготвени сте да и покажете на саканата личност какви се вашите намери кон неа. Пред вас е поволен период.

Здравје: Добро.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ви доаѓа значајно подобрување на односот со надредените и колегите. Ве очекува поволна фаза.

Љубов: Доколку имате проблеми со саканата личност, ќе успеете да ги решите.

Здравје: Имате многу енергија.


ЈАРЕЦ

Работа: Немате доволно енергија за нов почеток на работата. Денеска на некој начин би било најкорисно да одморите.

Љубов: Посветени сте на вашиот однос со саканата личност, и важно е меѓу вас да биде се совршено.

Здравје: Внимавајте на циркулацијата.


ВОДОЛИЈА

Работа: Доколку соработувате со Шкорпија, ве очекуваат проблеми во комуникацијата. Постои голема тврдоглавост од двете страни.

Љубов: Поволен ден за нови случувања на полето љубов.

Здравје: Генерално добро се чувствувате.


РИБИ

Работа: Очекувајте разговор за работа кој ќе ви биде значаен денеска.

Љубов: Во новиот партнер сте ги откриле сите квалитети кои долго сте ги барале. Ова е период во кој ќе сонувате за брак.

Здравје: Водете сметка околу срцето.