Oвeн – Многу квалитетна завршница на работната недела е пред вас, особено ако склопите некоја нова соработка. Не е изклучен изненадувачка средба или повик од старата симпатија, па ете прилика за опуштање.
Биĸ – Cолиден ден е пред вас. Причина за загриженост нема, затоа што ве очекува поддршка од личност која е авторитет, а не е исклучена и нова понуда. Ако сакате да си дозволите чувство на задоволство, бидете потолернатни кон саканата личност.
Близнaци – Одличен ден за почеток на некои нови проекти или соработка, особено за оние припадници кои се врзани со работата во странство. Минлив флерт, ново познанство може дополнително да ви го поправи расположението.
Paĸ – Ќе успеете сите зацртани обврски да ги завршите на време и како што треба. Чувајте се од љубоморни личности од опкружувањето. Имате шанса на саканата личност да и ги покажете своите искрени и најфини чувства и да се „извадите“ за некои ситни пропусти со еден убав подарок.
Лaв – Крајот на работната седмица ја дочекувате физички исцрпени и не многу воодушевени од постигнатото. Ќе ви биде лесно ако сфатите дека на некои работи не може да влијаете. Ако планирате да се занимавате со истерување на правдата кој е во право, а кој не, подобро веднаш да се откажете.
Дeвицa – Иако ве очекува доста напорна завршница на оваа работна седмица, важно е да на се откажувате од вашите цели. Ако сакате акции на љубовното поле, само храбро напред. Повеќе околности би требало да ви одат од рака.
Baгa – Потенцијално нема да има поголеми пречки на работното поле, би требало да се фокусирате кон долгорочни проекти и на проверени соработници. Би требало овој дена да го минете за некое заедничко дружење со саканата личност, и фино да се опуштите и да се забавувате.
Cĸopпиja – Без проблем ќе успеете да ги совладате сите пречки во текот на овој последен работен ден во седмицата. Ако имате во план некои промени, не се откажувајте. Сите ваши активности денеска би било добро да бидат насочени кон саканата личност, а можеби да донесете и некоја крупна одлука.
Cтpeлeц – Доста повици и разговори ве очекуваат во текот на овој петок, првенствено поврзани со некои нови договори за странство. Вашите лидерски способности ќе дојдат до израз. Секоја заедничка активност со партнерот ќе се одвива со позитивна енергија, лесно ќе се договорите околу се.
Japeц – Би требало да се занимавате со тековните обврски, а акцентот е на незавршените формални обврски, документација. За почнување на некои нови проекти, малку имајте трпение. Мора да се заминавате со заедничко планирање на инвестиции со саканата личност.
Boдoлиja – Напорен, но успешен работен ден е пред вас. Целата комуникација ќе биде главно на вас, а може да очекувате помош од некој авторитет. Ако планирате заедничко патување со саканата личност, сега е вистинска шанса за тоа. Потребно ви е малку да се дистанцирате од секојдневноста.
Pиби – Постојат сосема реални шанси ваша иницијатива да биде позитивно прифатена, особено од оние од погорните позиции. Можеби ќе ве заинтересира познанство кое доаѓа од пријателското опкружување, или некој со кој веќе сте биле во контакт.
