Дневен хороскоп за понеделник (07.08.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овен (21 март – 19 април):

Пред себе сте поставиле еден куп ситни задачи и се надевате дека ќе успеете да ги завршите до крајот на работното време. За жал, немате ниту доволно мотив, ниту енергија за да биде остварено. Премногу сте критички расположени кон личноста која ја сакате.

Бик (20 април – 20 мај):

Енергијата овој ден ви одговара, но тешко е дека ќе може во целост да се посветите на работните обврски. Некои лични проблеми или ситуации во врска со домот и семејството, премногу ви одземаат внимание. Емотивниот партнер може да ви го поправи расположението.

Близнаци (21 мај – 20 јуни):

На полесен начин од што сте се надевале остварувате комуникација или средба со личност која ви е важна. Ќе имате мал проблем да се прилагодите на нејзините услови или околности. Интересна личност доажа во ваша близина кога е во прашање љубовното поле.

Рак (21 јуни – 22 јули):

Одличен момент некои работни задачи да почнат. Немојте да се нервирате ако договорите бидат неодредени, немојте да се откажувате лесно од своите цели. Премногу сте скептични кон една личност која е во ваша близина.

Лав (23 јули – 22 август):

Иако сте се надевале на голема сума на пари, мора денеска да се задоволите со „ситно“. Колку и да се трудите, ве очекуваат половични резултати за се што ќе работите. Средба со една личност ве заинтересирала, но засега не се случува ништо спектакуларно.

Девица (23 август – 22 септември):

Проблем во комуникацијата – иако ќе пробате да разговарате јасно и концизно, прашање е дали соговорниците ќе ве разберат на вистински начин. Приметувате дека припадниците на спротивниот пол денеска интензивно се „вртат“ околу вас. Ви годи внимание.

Вага (23 септември – 22 октомври):

Додека од една страна постојат многу работи кои ве мачат и оптоваруваат, од друга страна ништо посебно не сакате да смените. Како да чувствувате дека и натаму не е момент да делувате. Добри контакти со пријатели, а преку нив може да запознаете нови и интересни луѓе.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември):

Свесни сте дека некои информации кои ги поседувате многу важни за вашата понатамошна кариера. Чекате вистински момент да ги изнесете на дневен ред. Некого кого познавате преку работа ќе почнете да го гледате на поинаков начин.

Стрелец (22 ноември – 21 декември):

Ќе имате големи очекувања од овој ден, но немојте да бидете разочарани ако не успеете да постигнете се од она што сте планирале. Ќе има и други денови. Некој ви праќа сигнали дека е заинтересиран за вас, но вие сте збунети, не сте очекувале.

Јарец (22 декември – 19 јануари):

Некои планови кои долго сте ги чекале да почнат со реализација, денеска може да заживеат. Силни работни контакти и комуникации со личности кои ви даваат поддршка. Емотивниот партнер има предлози за вас – сослушајте го, затоа што може да го подобрат квалитетот на вашиот однос.

Водолија (20 јануари – 18 февруари):

Во целост сте внесени во размислувања за пари. Нешто кое одамна сте требале да го платите, доаѓа сега на дневен ред и ви го ремети вашиот план. Саканата личност нема претерано разбирање за вашето однесување и тоа јасно ќе ви го разјасни.

Риби (19 февруари – 20 март):

Пробувате да ги потсетите работните партнери или надредените на договорите кои веќе требало да почнат да се применуваат. Немојте да се изненадите ако ниту ова денеска не се оствари. Можеби премногу очекувате од емотивните случувања во текот на овој ден.