Овен
Во следните неколку дена од вас се очекува да поставите одредени работи на вистинско место кога се во прашање работата и односите во домот. Ситуацијата со партнерот е стабилна и тоа благодарение на вашето инсистирање за разговор.
Бик
Поволен ден да се посветите на она кое сте го запоставиле наназад неколку месеци, а се однесува на работни односи со лице во знакот Лав. Внимвајте на можни проблеми со главоболка.
Близнаци
Меркур и натаму е многу негативно поставен во односот на вашето поле и најдобро би било да не носите брзи одлуки во следните денови. Обидете се подобро да се организирате кога се во прашање односите дома.
Рак
До крајот на денот чекајте информации од сите страни кога се во прашање односите во домот. Пробајте да се концентрирате што подобро кога се во прашање односите со децата или со младите членови на семејството.
Лав
За вас денеска е идеална позиција да размислите за разговор со партнерот кој ќе ве стабилизира емотивно и работно. Партнерскиот однос некое време не функционира онака како што очекувате и важно е да разговарате.
Девица
Сегашната ситуација кога се во прашање работните односи е многу нестабилна поради вашите потреби да одите по свое убедување. Меркур ви е лошо поставен и најважно е да ја сочувате внатрешната стабилност.
Вага
Во следните неколку дена обидете се добро да се организирате кога се во прашање односите во домот. Немојте премногу да очекувате од другите, најважно е да останете на себе и на своите ставови.
Шкорпија
Премногу сте тврдоглави да ги разберете потребите на другата страна. Во следните неколку дена бидете подготвени за компромис кога се во прашање односите на работа, особено со лице во знакот Водолија.
Стрелец
До крајот на денот можно е да бидете многу флексибилни за се она што сте мислеле дека нема да можете. Внимавајте на можните проблеми со спиењето поради недоразбирања со партнерот. Здравјето е одлично.
Јарец
До крајот на денот ќе бидете под силно влијание на личност во знакот Овен, кој е многу комплицирана за работен партнер. Чувајте се од „пријателите“ и од нивните потреби да доминираат со вашиот живот.
Водолија
До крајот на денот поволни услови за работа и сето она што веќе сте го барале наназад неколку месеци. Ќе бидете горди на себе и на своите ставови. Љубовната ситуација е многу стабилна, благодарение на вашата желба на се да воведете ред.
Риби
Вашата потреба секогаш да сонувате, особено кога се во прашање односите во љубовта е актуелна. Вашата ситуација на работа е стандарна и не постои причина да се нервирате или да се чувствувате лошо.
