Дневен хороскоп за понеделник (11.12.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овен 21.3.- 20.4.

Трепливоста и разбирањето кон оние соработниците кои не се во можност да го испратат вашето силно темпо, можеби подоцна ќе ви донесат бенифит, но и лична сатисфакција. Изненадувачка појава на симпатична личност на вашиот љубовен радар би можела да ве наведе на размислување и да ве фрли во дилема што да правите. Одлично здравје.

Бик 21.4.-21.5.

Направете се што е до вас, поделете ги обврските во етапа, и со тоа ќе избегнете претерано трошење на енергијата, како и заостанување во извршување на работните цели. Покажете трпеливост и толеранција, ако дојдете до ситуација да морате да објаснувате некои работи на саканата личност. Оптовареност на видот и слухот.

Близнаци 22.5.- 21.6.

Изненадувачка работна понуда би можела да го привлече вашето внимание. Причина за грижа нема, ако добро ги разгледате сите понудени опции. Во љубовта, потрудете се бранот на емоции да не ве понесе премногу, и да ве наведе во пребрзи заклучоци. Можни алергиски реакции на кожата.

Рак 22.6. – 22.7.

Било да станува збор за зголемен обем на професионални обврски, или во прашање да се некои заостанати обврски, или да се во прашање некои заостанати работи од минатиот период, вам ќе ви оди се од рака. Во љубовта, релативно мирен ден, без тенденција за некоја конкретна или директна љубовна акција. Многу добро здравје.

Лав 23.7.- 22.8.

Немојте да се нервирате доколку работите не одат онака како што сте замислиле, бидете флексибилни и подготвени да фатите чекор со многубројните случувања. Во љубовта, би требало да избегнувате двосмислени изјави, може кај саканата личност да предизвиката беспотребни љубоморни сцени. Чувствителност на бубрези.

Девица 23.8. – 22,9.

Ако постои и најмала ситница на работното поле, реално е да се обидете тоа да го завршите, односно ништо да не оставате за утре. Вашиот љубовен експеримент би можел да почне, затоа што во својата глава сте поставиле граници и цели до кои сакате да одите. Чувајте се од настинки.

Вага 23,9. – 22.10.

На работа повеќе креативни идеи, кои веќе долг период чекаат на вистинска реализација, реално е да ви минуваат низ глава. Променливиот енергетски баланс не е најдобар ниту за љубовни акции, но природна коректност и љубезност ви дава убави шанси за интересна приказна и пријатни моменти. Чувствителност на кожата.

Шкорпија 23.10.- 22.11.

Поради трошење на енергијата на повеќе страни и слаб фокус, и оние најмалку важните работни обврски се обидувате да ги решите во границите на коректното. Ќе остварите фин контакт со сосема нова личност на вашиот љубовен пат, и би можело да премине во страст и во врска. Многу добро здравје.

Стрелец 21.11.- 21.12.

Позитивната енергија и мотивираноста ви се на високо ниво, и ви даваат успешно да се позанимавате и со дополнителни работни активности. Во љубовта, без оглед на вашиот труд, за очекување е да бидете приметени од повеќе страни, пред се поради енергијата со која зрачите. Сосема задоволувачко здравје.

Јарец 22.12.- 19.1.

Кому е неопходно и кому сакате помогнете, но немојте да бидете наивни и да дозволите да ве искористуваат. Чувајте се од нелојална конкуренција. Астролошките аспекти во љубовта не наговестуваат капитални промени во сферата на љубовта за големиот број на јарци. Можни ревматски тегоби.

Водолија 20.1.- 19.2.

Обидете се да не се ангажирате на сите страни, а претходно да не сте завршиле со некои обврски. Ако тоа успеете да го усогласите, ќе одработите голем дел од работата. Без важни случувања на работното поле. Засилен стрес и нервоза.

Риби 20.2.- 20.3.

Би било мудро да се свртите околу себе и да побарате помош од личност од доверба. Ако имате желба да реализирате некоја освојувачка акција кон личност која ви се допаѓа, само напред, нема причина да не успеете. Можни респираторни тегоби.