Дневен хороскоп за понеделник (13.02.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овен

Ако имате проблематични односи во работното опкружување, овој ден ви носи вистинско изненадување. После распределба на задолженијата, ви стгинува неочекуван поттик од страна на личност која досега не ви била пријателски наклонета.

Бик

Вклучете ги соработниците и направете план на колективна работа. Успехот е можен само на таков начин. Вашата заедничка работа ја одработувате со големо задоволство, и така успехот е неминовен. Препорака е да внимавате на финансии, ве очекува непланиран трошок.

Близнаци

Не сте сосема сигурни што сакате. Можно е малку подобрување на расположението, иако некои проблеми и натаму постојат. Сепак, може да земете воздух затоа што денешниот ден не носи ништо спектакуларно добро, но најважно е што нема влошување.

Рак

Немојте да се „трупате“ со нови обврски, туку денот минете го со минимални работни активности. Наскоро ве очекува финансиски прилив кој во целост ќе ги промени околностите во кои делувате, а со тоа и да ја отстраните напнатоста која ве мачи.

Лав

Односот со саканата личност не оди онака како што сакате. Можеби малку ве размазила па без свесна намера сте влегле во улога на жртва на која се и е дозволено. Внимавајте, на другата страна таквата атмосфера може да и биде здодевна, а кога ќе се освестите може да биде предоцна.

Девица

Во љубовниот однос многу сте „лабави“. Вашата желба за слобода може да носи само кон непријатни расправии. Внимавајте, доколку не бидете сериозни и не ги прифатите критиките, обичната расправа може да прерасне во сериозна караница после која следува раскин.

Вага

На праг сте да направите промена со која една фаза од животот ќе заврши. Не очекувајте брзо решение затоа што трансформацијата ќе потрае. Освен тоа, пред вас е контакт со постара личност која во животот ви носи добри шанси и важни животни лекции.

Шкорпија

Може да ви се случи да од вас излезе информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се смирите но моментално најдобро е да молчите. Внимавајте што зборувате, дури и во опкружување коие нема никаква врска со вашиот професионален живот.

Стрелец

Ангажирани сте на повеќе места. Без разлика на тоа што напорно работите, вие во тоа уживате. Поведете сметка за вашата физичка кондиција, затоа што неуреден живот и замор го земаат данокот. Доколку не сопрете, ви претстои сериозен пад на енергија и настинка.

Јарец

Го трошите беспотребно времето на организација на пат, а не сте сигурни дали е се изводливо. Суштинските работи не сте ги завршиле. Проверете ги документите, условите на патување како и средства кои ви се потребни. Превиди може да ви направат компликации.

Водолија

Планетите ви носат шанси за идеји, кои досега биле неразбрани. Конечно ги презентирате и добивате поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Ви следува официјално запознавање со влијателна личност која ја познавате од видување.

Риби

Ги прифаќате сите работи кои вашите соработници треба да ги завршат. Од некоја причина имате впечаток дека ваша должност е да се жртвувате. Моментално насочете се кон љубовниот живот, затоа што саката личност можеби е осамена.