ОВЕН
Работа: Започнувате нов проект кој има врска со странство или со медиумите. Возбудени се и сакате да се докажете.
Љубов: Пред вас е ново познанство, но вашиот прв впечаток е необјективен.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
БИК
Работа: Фокусирани сте на финансиите. Одличен ден за аплицирање за кредит и наоѓање спонзор.
Љубов: На партнерот ја премолчувате ситуацијата за да не се грижи. Сметате дека поради мали лажи, на сите ќе им биде подобро.
Здравје: Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Фокусирани сте на работните обврски и задоволни од ситуацијата. Вложувате многу енергија во работата, и очекувате резултатите да бидат видливи.
Љубов: Емоциите ви проработиле и многу сте љубоморни.
Здравје: Добро здравје.
РАК
Работа: Задоволни сте од тоа како приватниот бизнис се развива. Соработката со колегите е одлична. Имате слични идеи и вредни сте и амбициозни кога е во прашање постигнувањето на целите.
Љубов: Срамежливи сте и не ги покажувате на партнерот своите емоции.
Здравје: Солидно здравје.
ЛАВ
Работа: Пред вас е неповолен ден особено ако имате закажано рочиште или се во прилика да контактирате со претставниците на медиумите.
Љубов: Окупирани сте со работа и немате енергија за партнерот.
Здравје: Стабилно здарвје.
ДЕВИЦА
Работа: Непланирани тешкотии ги ремети вашите планови. Додека не го надминете проблемот, ги одложувате обврските за друг ден.
Љубов: Вашите емоции кон партнерот се постојани, но имате проблем на спонтан начин да ги покажете.
Здравје: Проблеми со притисокот.
ВАГА
Работа: Имате проблем со концентрацијата што ја ремети работната комуникација. Пробајте да се фокусирате на оан што ви се зборува.
Љубов: Не сте задоволни од односот на партнерот затоа што не ви пружа повеќе внимание.
Здравје: Несоница ве мачи.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате многу обврски. Многу сте вредни, работата ја одработувате и покрај гужвата, и успевате се да завршите на време.
Љубов: Задоволни сте од тајната врска. Сметате, дека, конечно, сте нашле партнер кој знае да ве усреќи.
Здравје: Солидно здравје.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Работната ситуација е стабилна и поради тоа се чувствувате добро. Стигнува парична добивка што дополнително го подигнува расположението.
Љубов: Партнерот избегнува отворена комуникација во врска со проблемите во односот.
Здравје: Солидно здравје.
ЈАРЕЦ
Работа: Концентрацијата не ви е силна страна. Во случај на работен договор, доаѓа до недоразбирање и некои работи мора јасно да се дефинираат.
Љубов: Уживате во односот со партнерот, иако посакувате да биде поотворен емотивно.
Здравје: Ве очекуваат алергиски реакции.
ВОДОЛИЈА
Работа: Фокусирани сте на воспоставување на нов договор од кој имате големи очекувања. Можни се мали пропусти.
Љубов: Ја криете финансиската ситуација од другата половина.
Здравје: Чувствителен е дигестивниот систем.
РИБИ
Работа: Енергични сте и гледате сите обврски да ги одработите во што краток временски период. Од таа причина правите ситни грешки.
Љубов: Не ви е до расправија со партнерот, и затоа прифаќате се што ќе каже.
Здравје: Ќе имате проблем да заспиете.
