Дневен хороскоп за понеделник (16.01.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овен

Денеска ќе бидете многу темпераментни во односот на тоа што сте. Ќе имате јасна претстава на она што го сакате и со многу жар ќе се борите тоа да го остварите.

Љубов: Упорноста може да ви донесе спротивен ефект од она што го планирате или очекувате.

Работа: Не сте подготвени од ситуацијата која ве чека.

Здравје: Респираторни проблеми.

Бик

Поддршка и мудар совет од блиска личност ќе ви значи многу, и ќе направи да се чувствувате заштитено и сакано.

Љубов: Комплицирано е, или вие ја правите ситуацијата таква. Преиспитајте се.

Работа: Без избрзани одлуки периодов…

Здравје: Ви осцилира расположението.

Близнаци

Имате впечаток дека константно сте опкружени со луѓе, а од таа гужва не можете да ги средите сопствените мисли.

Љубов: Имате можност да го поправите односот доколку во минатиот период сте направиле нешто кое го повредило партнерот.

Работа: Отежнителни околности.

Здравје: Болки во коските.

Рак

Ако ве мачи некој проблем од минатото, вистински момент е со него да се соочите. Можно е да имате проблеми со комуникацијата со блиските.

Љубов: Вашите внатрешни бури ќе се одразат на односите со партнерот.

Работа: Бидете трпеливи.

Здравје: Бидете одговорни и кон себе и кон другите.

Лав

Доколку неодамна сте почнале некаква иницијатива со нешто ново, ќе дојдете до првите резултати, само немојте да бидете нетрпеливи.

Љубов: Промени ви доаѓаат. Несогласувањата со партнерот ви внесуваат нервоза, а вие ништо не превземате.

Работа: Ќе ви дојде шанса за почеток на нова работа.

Здравје: Проблеми со грбот.

Девица

Пред вас е генерално статичен ден и прилично мирен, но тоа вам не ви одговара.

Љубов: Ако барате искреност, бидете и сами искрени.

Работа: Можен е флерт на работа, а тоа може да премине во нешто повеќе. Посебно внимание за оние кои се во брак.

Здравје: Болки во грбот.

Вага

Можеби би требало малку да се опуштите и да ги пуштите работите сами да одат по својот ток. Некогаш повеќе се грижите и си го расипувате расположението.

Љубов: Можно е да сте направиле некоја грешка и партнерот не покажува подготвеност да ви прости.

Работа: Денеска можеби не е најдобар ден за големи очекувања.

Здравје: Проблеми со белите дробови.

Шкорпија

Пред вас е поволен ден во кој ќе може да се посветите на своите цели и приоритети.

Љубов: Личноста која ви се допаѓа ќе стане малку поинаква кон вас, а вие не знаете која е причината.

Работа: Подгтовени сте да ги надминете предизвиците.

Здравје: Солидно здравје.

Стрелец

Можно е денеска основните обврските да ви паѓаат тешко, но нема да го покажете тоа пред другите.

Љубов: Многу зависи од вашиот однос. Се што криете, може да ви се одбие од глава.

Работа: Имате впечаток дека некои работи тргнале во непосакуван правец.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.

Јарец

Потрудете се сега да не брзате во било што и се полека да одработите за во иднина да бидете задоволни.

Љубов: Во бракот стабилност. Слободните трагаат по некој идеален.

Работа: Сочекајте со носењето на важни одлуки.

Здравје: Можни проблеми со органите за варење.

Водолија

Не е важно дали е во прашање храна, пијалок или уживање во било што друго. Сопрете малку, затоа што апетитите ви се зголемени.

Љубов: Можеби во вас проработел сомнежот, а немате храброст за разговор.

Работа: Некои работи можеби изгледаат невозможни, но вмногу брзо и самите ќе сфатите дека не е така.

Здравје: Внимавајте на исхрана.

Риби

Ако нешто не ви појде од рака денеска, немојте да се нервирате, а особено немојте најблиските да ги обвинувате за својот неуспех.

Љубов: Во долгите врски дошло до заситување, но тоа е минливо. Не се грижете.

Работа: На работа некако ви е се рамна линија, а тоа не ви оди во прилог.

Здравје: Чувствително здравје.