ОВЕН
Работа: Ве чека генерално стабилна ситуација на ова поле. Знаете добро на што сте.
Љубов: Емотивно сте незадоволни во овој период, и не ви е лесно да ги признаете грешките кои самите сте ги правеле.
Здравје: Не јадете храна со непознато потекло.
БИК
Работа: Денешниот ден може да ви донесе некои препреки и проблеми. Големи кочници се пред вас.
Љубов: Потребно ви е многу трпение за да дочекате саканата личност да ви се отвори и да ги покаже чувствата.
Здравје: Вртоглавица.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Време е конечно да ги покажете своите способности и да се посветите на остварување на своите амбиции.
Љубов: Ако сте во брак, саканата личност не ви е доволно посветена и полека доаѓа до заладување на односите.
Здравје: Ќе ви годи опуштање со пријателите.
РАК
Работа: Можно е да не ви годи атмосферата која владее во работното опкружување и се почесто размислувате за заминување од работата.
Љубов: Разочарани сте од вашиот партнер. Ви се чини дека не е искрен.
Здравје: Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Работа: Поволен е денот за промени кога е во прашање работата. Ве очекува фаза во која ќе имате некои проблеми.
Љубов: Можно е да не ви е лесно да бидете сосема искрени кон саканата личност.
Здравје: Кичмата ви е слаба страна.
ДЕВИЦА
Работа: После долго време би можеле да дојдете до задоволувачка работна ситуација.
Љубов: Подготвени сте да и пријдете на личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос полека се менува на подобро.
Здравје: Водете сметка околу крвниот притисок.
ВАГА
Работа: Потрудете се да бидете посветени на својот работен план и своите цели, ако сакате навистина да ги остварите.
Љубов: Саканата личност ќе ви покаже дека искрено и значите и дека е подготвена за брак.
Здравје: Избегнувајте напрегање.
ШКОРПИЈА
Работа: Немате доволно трпение па импулсивно реагирате во ситуациите кои би можеле да ви ја оштетат работната репутација.
Љубов: Иако меѓу вас и саканата личност доаѓа до оддалечување, тоа можете да го решите.
Здравје: Алергии.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ќе бидете под голем стрес затоа што не сте во можност своите работни планови да ги спроведете во дело.
Љубов: Можно е да имате мали пречки со личноста која ви значи. Покажете малку повеќе трпение.
Здравје: Променливо.
ЈАРЕЦ
Работа: Може да очекувате среќни околности на полето работа. Пред вас е поволен период за остварување успех.
Љубов: Односот со партнерот не ви е доволно добар и размислувате за прекин.
Здравје: Малаксаност.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекува период на голем успех. Пред вас се среќни околности.
Љубов: Вашиот однос со саканата личност би можел да биде нестабилен. Комуникацијата не е доволно искрена.
Здравје: Чувствителна бешика.
РИБИ
Работа: Посветете се малку повеќе на својата работа ако сакате да остварите подобри резултати. Многу работи зависат само од вас.
Љубов: Можно е да уживате во позитивната атмосфера со саканата личност. Судбината ви е наклонета.
Здравје: Респираторни инфекции.
