Овен (21 март – 19 април):
Ве очекува одличен старт на работната недела. Соработниците би можеле да ви дадат нови идеи, добри предлози за соработка и подготвени се да вложат повеќе труд од вообичаено. Можно е да ве очекува многу интересно и интригантно ново познанство. Бидете подготвени да го прифатите предизвикот на љубовното поле.
Бик (20 април – 20 мај):
Почетокот на неделата можеби нема да изгледа како што сте планирале, но постои пат до позитивно решение кое ќе ви даде дополнителна мотивација. Позитивен ден е за секакви собири, дружење со пријателите и саканите. Може да биде и домашна верзија, па еве можност да поминете заеднички моменти во добра атмосфера.
Близнаци (21 мај – 20 јуни):
Треба да бидете вклучени и фокусирани на работата на вашите соработници бидејќи можни се погрешни чекори кои дополнително можат да ја забават имплементацијата. Пред вас е одличен ден доколку сте планирале кратко патување или состанок. Искористете го овој поволен период и уживајте во него максимално.
Рак (21 јуни – 22 јули):
На самиот почеток на работната недела би можеле да почуствувате притисок поради зголемен обем на работа. Треба да калкулирате со работните обврски и љубовта, за другата страна да не се чувствува запоставено. Вашиот труд дефинитивно ќе се исплати.
Лав (23 јули – 22 август):
Почетокот на неделата носи немир и напнатост поради заостанати обврски. Немате друг избор освен одлучно да ја преземете работата, за да завршите се на време. Веќе некое време ве следи чувството дека не можете да промените или подобрите ништо на полето на комуникацијата со саканата личност. Направете нешто конкретно.
Девица (23 август – 22 септември):
Прилично напнат и бурен почеток на работната недела. Можно е да заостанете со некои обврски и сега ќе се трудите на секој начин да ја доведете работата до крај. Вие на ваша страна, а другата страна на своја страна и не можете да се договорите и да се поврзете во текот на овој ден.
Вага (23 септември – 22 октомври):
Почетокот на неделата може да ви донесе контакти со тешки луѓе, и не толку хармоничен однос со оние кои се над вас. Пред се, бидете трпеливи и флексибилни. Доколку се обидете да измазнете некои врски од минатото, ќе сфатите дека е доста тешко и подобро е да го оставите како што е.
Шкорпија (23 октомври – 21 ноември):
Претстои многу добар почеток на работната седмица. Од вас се очекува да завршите се на време и според планираното. Споделете позитивна енергија во добро расположение со личноста која ви се допаѓа. Преземете иницијатива, ставете се во акција.
Стрелец (22 ноември – 21 декември):
Малку полесен ритам во однос на претходната недела, но ќе има голем обем на обврски. Од вас ќе се бара да бидете педантни, посветени на она што го работите и високо ниво на професионализам, што секако ќе можете да го исполните. Може да се соочите со критики од саканата личност, која е незадоволна од вашето однесување и вниманието што го добивате.
Јарец (22 декември – 19 јануари):
Многу добар работен ден за да започнете некои важни проекти или да постигнете позитивни договори со деловните соработници. Посветете се на негување на добри партнерски односи, испланирајте некои заеднички активности и вложете ја целата своја енергија за да ја задоволите саканата личност.
Водолија (20 јануари – 18 февруари):
Имате многу обврски што може да ве направи малку нервозни и тешко да соработувате. Обидете се да го исполните ветувањето претходно дадено на саканата личност, а со тоа и намалете ја тензијата која беше присутна деновиве.
Риби (19 февруари – 20 март):
Стандарден почеток на работната недела, да ги завршите сите планирани обврски без поголеми предизвици. Во љубовта, вклопете се во дружење или кратко патување со цел малку да се опуштите и да избегате од секојдневието.
