Дневен хороскоп за понеделник (21. септември 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Хронично сте уморни, па тоа се манифестира низ лоша соработка со колегите.

Љубов: Во областа љубов одлично функционирате благодарение на поддршката и љубовта која ја добивате од партнерот.

Здравје: Имунитетот е слаб.


БИК

Работа: Прилив на финансии на самиот почеток на работната недела ви овозможува работата да ја започнете расположени.

Љубов: Во оваа област се гледаат проблеми. Ве очекува голема караница со партнерот, во која нема да внимавате на зборовите.

Здравје: Нервите ви се загрозени.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Се сомневате во своите способности и дури ни поддршка од соработниците не ви помага да се чувствувате подобро.

Љубов: На ова поле ситуацијата е поинаква. На спонтан начин ги покажувате на партнерот своите емоции.

Здравје: Забите се проблематични.


РАК

Работа: Расположени сте за работа и буквално се „фрлате“ на работните обврски.

Љубов: За разлика од презафатеност на работа, на ова поле нема никакви случувања.

Здравје: Ќе дојде до стабилизација на здравјето.


ЛАВ

Работа: Вашата упорност конечно носи резултати. Се радувате на мали поместувања, затоа што ги доживувате како најава за големи промени.

Љубов: Инсистирате на отворена комуникација со партнерот.

Здравје: Очите се изморени од често гледање во екран.


ДЕВИЦА

Работа: Уморни сте од обврски и работно демотивирани.

Љубов: Ниту на ова поле ситуацијата не е ништо подобра. Исцрпени сте од незадоволувачката врска и размислувате за прекин на истата.

Здравје: Хронични проблеми со коските.


ВАГА

Работа: Не се чувствувате најдобро на работа. Имате многу идеи, но колегите не ги прифаќаат.

Љубов: Во емотивна смисла сте задоволни и се компензирате поради ситуацијата на работа.

Здравје: Хронични проблеми.


ШКОРПИЈА

Работа: Пред вас е проблематичен ден во кој не успевате да ги одработите планираните работни обврски.

Љубов: Не сте задоволни од љубовното поле поради односот на партнерот.

Здравје: Хронични проблеми.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе бидете концентрирани кон странство, но не во онаа мера колку што сте сакале.

Љубов: Сакате да излегувате. Имате нагласено поле на емоции и го сакате партнерот крај себе.

Здравје: Проблем со крвниот притисок.


ЈАРЕЦ

Работа: На самиот почеток на седмицата ве очекуваат проблеми на работа.

Љубов: Поволен ден за познанство со личност која веднаш ќе ве шармира.

Здравје: Би било добро да водите сметка околу исхраната.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекуваат тешкотии кои ќе успеете да ги решите.

Љубов: Не сте расположени за нови познанства, и денот го минувате дома.

Здравје: Можни проблеми со притисокот.


РИБИ

Работа: Полни сте со енергија и работната недела ја започнувате со оптимизам. Имате јасно поставени цели.

Љубов: Вашиот однос кон партнерот не е онаков каков што очекува другата страна.

Здравје: Солиден ден.