Овен – На Овните им претстои солиден почеток на работната недела, па се очекува ангажман на повеќе страни, особено на комуникацискиот и техничко-организацискиот дел од работата. Нема значајни бранувања на вашето љубовно море во споредба со претходниот ден, па не е лошо да се занимавате со сопствените мисли и очекувања.
Бик – Многу добар, веќе воспоставен работен ритам ќе ги следи Биковите и овој понеделник за без проблем да ги остварат планираните задачи. Можеби ќе му помогнете на некој од соработниците. Нема најава за некои значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден во однос на претходниот.
Близнаци – Еве можност Близнаците да бидат максимално активни на самиот старт на новата работна недела и без поголеми предизвици да ги надминат повеќето професионални пречки. Сепак внимателен со документации. Исходот на љубовната врска на крајот од денот во голема мера ќе зависи од вашата посветеност.
Рак – Раковите треба да се справат со заостанатите документи пред да преземат нови обврски. Ве очекува многу работа, но се ќе успеете да реализирате. Без спектакуларни случувања на вашиот љубовен хоризонт денес, најмногу ќе бидете окупирани со сопствените мисли.
Лав – Приоритет на Лавовите на овој ден треба да биде подмирување на заостанатите долгови, документација и формалности со институциите, за да избегнат плаќање пенали. Саканата личност денес би можела да се чувствува запоставено, затоа потрудете се тоа да не се случи.
Девица – Сите досегашни напори и напорна работа на Девиците би можеле да бидат под лупа на нивните претпоставени, па тоа е причината да покажете што знаете. Доброто расположение треба да се почувствува и на љубовната страна, со навестување на пријатно изненадување од саканата личност.
Вага – Продолжете да смислувате креативни идеи и планови, порано или подоцна повеќето од нив би требало да оживеат. Можно интересно запознавање со личност која е на некој начин поврзана со странски земји или патувања.
Скорпија – Првиот работен ден, Скорпиите треба да се занимаваат пред се со незавршени задачи, како и со документи и формалности, пред да започнат со нови активности. вој ден би можел да биде многу успешен во љубовната сфера доколку имате јасна цел, и сте подготвени искрено и отворено да излезете со неа пред саканата личност.
Стрелец –Во овој прв работен ден потрудете се да не се растргнете на стотина страници, иако би сакале многу да направите, тоа ќе биде сосема доволно да го завршите она што сте го започнале, а пред се поврзано со документацијата. Мислите не ви се доволно рационални, па можни се погрешни проценки кога станува збор за љубовната сфера.
Јарец – Имате солидна шанса да завршите се што сте започнале на време, важно е само да се држите до фактите и да ги проверите сите информации што ќе ви дојдат. Слободните моменти обидете се да ги искористите за убава комуникација со саканата личност.
Водолија – Типичните претставници на Водолијата денеска би требало да имаат поповолни можности да заработуваат деловни поени, особено во сегментот на нови идеи. Неочекувана средба со стара љубов треба да го одбележи овој ден, пред се во смисла на позитивна енергија и можеби нова надеж.
Риби – Доколку вашиот план за денешните обврски е доволно практичен, тогаш имате реални шанси да ги завршите повеќето од задачите навреме. Не е реално да се очекува дека денес ќе бидете актери на спектакуларни љубовни настани, но можни се мали изненадувања.
