Дневен хороскоп за понеделник (27. април 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Ќе имате доста работни обврски во текот на денешниот ден. Водете сметка организацијата да биде што подобра.

Љубов: Моментално љубовниот живот не ви е приоритет, и поради тоа вашиот партнер се лути.

Здравје: Можен пад на имунитетот.


БИК

Работа: Имате слободно време, и нема да бидете преоптоварени со работа, туку ќе се свртите кон некои важни работи. 

Љубов: Поволен ден за љубовното поле. Може да очекувате флерт. 

Здравје: Полни сте со енергија. 


БЛИЗНАЦИ

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, пред вас е важен ден. Ви стигнуваат некои вести кои сте ги очекувале.

Љубов: Имате максимална доверба во својот партнер и знаете дека тој никогаш нема да ве „предаде“.

Здравје: Внимавајте на исхраната.


РАК

Работа: Ве очекува шанса да склопите некој договор кој ќе ви донесе нови прилики и можности.

Љубов: На полето љубов ви се случуваат важни промени.

Здравје: Можни се болки во грлото. Посетете лекар.


ЛАВ

Работа: Ве очекува можност да ја зголемите вашата заработувачка. Ќе бидете задоволни од околностите на работното поле.

Љубов: Не ве очекуваат големи промени на полето љубов, засега останува стабилна ситуација.

Здравје: Губење на апетитот.


ДЕВИЦА

Работа: Можно е во текот на денешниот ден да ве следи мал пад на концетрацијата и да немате доволно енергија за работа.

Љубов: Саканата личност не ја разбрала вашата добра намера на вистинскиот начин.

Здравје: Пад на имунитетот.


ВАГА

Работа: Пробувате да ја разбудите својата креативност и да најдете инспирација во секојдневните работи.

Љубов: Можно е да имате трема пред средбата со личноста која ви се допаѓа. Не се грижете, чувствата се взаемни.

Здравје: Уморни сте.


ШКОРПИЈА

Работа: Може да се потпрете на помош од своите соработници кои секогаш се тука за вас. Со заеднички сили ги решавате проблемите.

Љубов: Ако сте слободни, можен е флерт со личноста која сте ја запознале преку пријател.

Здравје: Проблеми со циркулација.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да не сте добиле поддршка која сте ја очекувале и сега е време да ги преиспитате своите планови.

Љубов: Можно е познанство со личноста која дели исти интереси како и вас. Пред вас е интересен ден.

Здравје: Проблеми со зглобовите.


ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да имате некои мали несогласувања во работните преговори, но се можете да решите лесно.

Љубов: Запознавате интересна личност во својата близина.

Здравје: Проблеми со алергија.


ВОДОЛИЈА

Работа: Немојте да очекувате премногу од денешниот ден. Држете се на рутинските и секојдневните работи.

Љубов: Можно е да не ви цветаат рози ако сте во долга врска или брак. Се чувствува голема дистанца.

Здравје: Лошо варење на храната.


РИБИ

Работа: Трошоците се непредвидени, но ќе успеете да најдете баланс во својот финансиски план.

Љубов: Можно е да имате проблеми во комуникацијата со саканата личност.

Здравје: Намелете го кофеионот, чувајте го срцето.