ОВЕН
Работа: Во новата недела сте влегле малку нервозни, затоа што сте поставиле високи цели. Вие сте Овен, сконцентрирани сте на резултатите, што е нормално. Ќе почувствувате олеснување после успешни преговори.
Љубов: Од оној кој е покрај вас очекувате целосна поддршка. Особено кога се во прашање работи кои ве потишуваат. Тоа може да направи дополнителен притисок.
Здравје: Проблеми со грбот и вратот.
БИК
Работа: Не сте некој кој може да се подготви за нов почеток. Потребна ви е помош, и барајте во знакот на Близнаци, Вага, Водолија.
Љубов: Добар ден за оние кои сакаат да го менуваат партнерот и неговите ставови.
Здравје: Многу сте нервозни.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Потребно е да ги искористите новите идеи кои ви се пружаат. Вие сте личност која може да направи се што другите не се способни.
Љубов: Во љубовта сте виртуоз, без разлика дали сте жена или маж. Сензуалноста ставете ја на првото место.
Здравје: Расположени сте. Повеќе движете се.
РАК
Работа: Мислите за се. Обврските ги примате секогаш без сериозност, и тешко ги спроведувате во дело. Меѓутоа ќе успеете да завршите се на време.
Љубов: Наклонети сте да флертувате повеќе, иако имате потреба за одличен партнер. Не сте сигурни.
Здравје: Поради претерување на работа, можен пад на имунитетот.
ЛАВ
Работа: Дали сте свесни дека некој друг ќе ви го земе местото ако и натаму сте затворени и полни со его.
Љубов: Уживајте во ноќните излегувања или отпатувајте некаде каде што ќе најдете мир.
Здравје: Водете сметка околу исхраната.
ДЕВИЦА
Работа: Имате добра енергија доколку работите работи поврзани со услуги, особено со храната. Не размислувајте за пари премногу.
Љубов: Потребно ви е да имате сигурност и разбирање со партнерот.
Здравје: Потребно ви е спортување, движење.
ВАГА
Работа: Брзоплетоста ве доведува до непријатна ситуација, што ви носи дополнителни проблеми. Ладна глава ефикасно размислува.
Љубов: Емоциите ви проработиле, а вие им се препуштате. Нежни сте.
Здравје: Позитивната енергија добро ве служи.
ШКОРПИЈА
Работа: Бурен ден, многу нови идеји кои треба да ги одработите и да ги поставите на место. Некои желби посебно се истакнуваат.
Љубов: Сакате слобода и малку сте бунтовни во исполнување на своите желби. Проблем за долга врска.
Здравје: Читајте книги и мислете позитивно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Имате моќ да ги убедите другите дека вашите идеји се вистинските и дека би требало да бидат прифатени.
Љубов: Интелектот е пред емоциите денеска. Слобода ви е потребна, кој не разбира, полошо за него.
Здравје: Масажа ви е потребна.
ЈАРЕЦ
Работа: Може да се случи да дојде до граница меѓу вашите цели и она што сте го направиле за другите. Понекогаш е во ред да им помогнете на другите да дојдат до целта.
Љубов: Сте се оттуѓиле од партнерот и од пријателите. Сите би сакале да се дружат, а вие сакате да сте во четири ѕида и никој да не ве бара.
Здравје: Нервоза. Ќе ви годи јога или прошетка.
ВОДОЛИЈА
Работа: Почна новиот ден, а вие сте изнеле неконвенционални идеи и мислења од кои сите се плашат. Сепак, вие сте пред другите. Немојте да очајувате.
Љубов: Супер се чувствувате и барате од партнерот да ве изненади.
Здравје: Чувајте се од повреди.
РИБИ
Работа: Импресивни сте, жестоки. Соработниците се изненадени, не знаат што да очекуваат од вас.
Љубов: Сакате промени на емотивен план. Ќе добиете информација од пријател која може да ве изненади.
Здравје: Висок притисок.
