Овен
Партнерот ве провицира, па во афект ви излетува нешто кое не сте сакале да го премолчите. Се може да кулминира по одлуката од која стравувате. Се наоѓате во независна положба, не сакате понатаму, но не сакате ниту да се разделите.
Бик
Ве мачи минатото и добар дел од минатото го минувате во преиспитување што сте можеле поинаку да решите. Свртете се кон најблиските и послушајте што имаат да ви кажат. Засилена физичка активност може да ве опорави, особено пливање или престој покрај вода.
Близнаци
Пред вас се сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за кои мора да најдете шрешение. Не наидувате на разбирање во кругот на семејството, па тоа дополнително ве оптоварува. Кога добро ќе се одморите, ќе се појави и решение кое сега не го гледате.
Рак
Дисциплинирано давате се од себе да ги завршите обврските кои сте ги преземале на себе. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта отимизмот и чувството дека нешто добро ќе се изроди од се што се преземале. Чувајте се од повреди.
Лав
Имате чувство дека никој не ве разбира. Тешко е да зборувате за такви работи кога вие за себе немате високо мислење. Својата длабока несигурност ја криете под маската на незаинтересирано однесување, што, секако ги одбива и оние лица кои ве разбираат и сакаат.
Девица
Во позиција сте напоредно да одработувате две одвоени, но подеднакво важни работа. Вам тоа ви оди добро, но денеска потфрлате. На време направете мал одмор за да не се појави грешка која подоцна тешко ќе ја исправите.
Вага
Непланирани трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирата поради што, иако сте ангажирани до максимум, не можете финансиски да скрпите крај со крај. Не е проблем во малиот прилив на пари, туку во вашето претерано трошење.
Шкорпија
Нешто кое сте го држеле во тајност, денеска може да го види светлото на денот. Без оглед што внимателно сте го подготвувале секој детал, сега ќе откриете низа на грешки поради кои целиот план ќе дојде под прашање. Без паника, успехот е неспорен.
Стрелец
Не прифаќајте нови обврски, најдобро е денот да го минете во минимални работни активности. Наскоро ве очекува поголем прилив на пари, кој во голем дел ќе ги реши финансиските проблеми за кои немате долгорочно решение.
Јарец
Одите преку своите можности. Заморот кој извесно време ве мачи, го зема својот данок. За секојдневните работи ви треба повеќе труд од вообичаеното. Поради недостаток на сон ви паѓа концетрација, па ако тоа не го решите, ви следува сериозен пад на енергија.
Водолија
Добивате нови задолжувања. Со оглед дека е во прашање област во која не сте се обиделе, ве чека голем предизвик. Ќе докажете на себе и на другите колку се големи вашите способности. Немојте да се залетувате, затоа што не сте безгрешни.
Риби
Обврските трпат затоа што не сте сконцентрирани. Со мислите сте далеку напред и веќе ги планирате активностите чија реализација е многу далеку. За да направите нешто конкретко, морате темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со сонување.
