Дневен хороскоп за понеделник (29. јуни 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Немате доволно доверба во работното опкружување и можно е поради тоа работните тајни да ги чувате за себе.

Љубов: Можно е партнерот да ви покажува незадоволство. На полето љубов ви следува криза.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.


БИК

Работа: Преокупирани сте од обврските и не ви е лесно на ова поле да остварите баланс. 

Љубов: Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате со саканата личност. 

Здравје: Внесувајте повеќе витамини. 


БЛИЗНАЦИ

Работа: Овој ден генерално не ви е поволен па потрудете се да не правите било какви грешки денеска.

Љубов: Имате впечаток дека саканата личност не е искрена кон вас и тоа ви пречи. Можеби размислувате за прекин.

Здравје: Инфекции.


РАК

Работа: Може да очекувате дека ќе ги решите проблемот на работа. За вашите дилеми наскоро ви доаѓа одговор.

Љубов: Емотивната ситуација не е сјајна и вие се чувствувате осамено. размислувате за смирување со поранешната љубов.

Здравје: Стомачен вирус.


ЛАВ

Работа: Време е да превземете одговорност на работното поле и да се посветите на своите обврски.

Љубов: Можно е саканата личност да покажува сомнеж и љубомора. Сепак, вие сметате дека не сте и дале повод за тоа.

Здравје: Болови во грлото.


ДЕВИЦА

Работа: На полето финансии ќе имате доста пресврти во следниот период. Најдобро би било да не вложувате големи пари.

Љубов: Ве очекуваат сериозни промени кога е во прашање на вашето поле на љубов.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна.


ВАГА

Работа: Проверете ги сите информации кои ви доаѓаат затоа што може лесно да се случи некој недостаток или илузии денеска.

Љубов: Можно е да ја идеализирате личноста која ви се допаѓа. Пред вас е неповолен период и можно разочарување.

Здравје: Проблеми со низок притисок.


ШКОРПИЈА

Работа: Најдобро би било да пробате да се посветите на вашата работа и обврските за да ги решите проблемите кои ги имате.

Љубов: Може да очекувате интересна комуникација со личноста која ви значи.

Здравје: Избегнувајте внесување на шеќери.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да се надевате на добар однос со колегите кои максимално ве поддржуваат на сите полиња.

Љубов: Ги криете своите чувства на љубовното поле и тешко ви е да се соочите со вашите стравови.

Здравје: Ќе ви годи масажа.


ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува напнат период кога е во прашање вашето работно поле. Можно е да имате големи караници.

Љубов: Не сте подготвени за големи промени кога е во прашање љубовта. Можно е на некој начин да тапкате во место.

Здравје: Посетете стоматолог.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ви делува дека кога е во прашање работата, доста работи се вртат. некои проблеми ви тропаат на врата.

Љубов: Ако сте слободни, имате можност за промени. Ве очекува средба со нова личност денеска.

Здравје: Главата ви е чувствителна.


РИБИ

Работа: Имате впечаток дека на полето љубов не оди се како што сте планирале. Ви стојат отежнувања и компликации.

Љубов: Не се чувствувате добро крај личноста со која имате љубовен однос и размислувате за прекин.

Здравје: Водете сметка околу витамини.