Овен
Сакате да почнете нови чекори и да направите нешто добро за себе и за семејството. Се двоумите од каде да почнете, а решението е блиску.
Љубов: Поради нешто, се чувствувате непријатно. Размислете за врската.
Работа: Не сте сигурни што сакате, промената ќе ви годи, иако има доза на страв.
Здравје: Повеќе одморајте.
Бик
Многу е важно да сте организирани денеска, а секако ќе има непредвидени работи. Лесно ќе се изборите со се што надоаѓа.
Љубов: Премногу сте рашириле некоја приказна, па постои можност да сте се удриле самите себе си.
Работа: Работите она што најмногу го сакате и најдобро го умеете.
Здравје: Стабилно здравје.
Близнаци
Емоциите ви се помешани, комуникацијата лоша, мислите лутаат. Ви треба време и одмор за да се победите самите себе.
Љубов: Почете да ги решавате проблемите, еден по еден.
Работа: Денот можеби ќе почне бавно, но потоа ќе биде поинтензивно.
Здравје: Нервоза.
Рак
Можеби ќе мора да се докажувате и некому да докажете дека сте дораснати за предизвиците пред вас.
Љубов: Партнерот е во некоја криза.
Работа: Давате се од себе, и сега чекате резултати.
Здравје: Можеби треба да водете сметка што јадете и пиете.
Лав
Парите се заработуваат и трошат, не се оптоварувајте себе и најблиските со тие мрачни теми, но не дозволувајте една блиска личност да ве „цеди“.
Љубов: На партнерот му го покажувате вашето насмеано лице, а длабоко во врската не е онака како што посакувате. Во следните денови внимавајте што правите.
Работа: Се некако оди бавно, но тоа нема да ве поремети да ги завршите работите.
Здравје: Можни ситни повреди.
Девица
Сега тешко правите промени кои веќе порано сте ги испланирале и тоа ве прави чувствителен и не баш така добар во друштво.
Љубов: Често чувствувате дека сте километри далеку од саканата личност.
Работа: Направете добар план само со оние работи кои зависат само од вас.
Здравје: Можни се алергии.
Вага
Секогаш сте одговорни, тоа знае секој кој има работа со вас но денеска не е поволен ден, а никој не ве разбира.
Љубов: Партнерот е лошо расположен, има некои свои „бубачки“ па денеска избегнувајте расправија.
Работа: Сте постигнале многу, и најдете време за одмор.
Здравје: Покачен притисок.
Шкорпија
Можеби желбите ви се преголеми и не е се така црно како ви се чини.
Љубов: Ќе имате чувство како ништо да не се случува. Размислите добро кој е виновникот.
Работа: Научите нешто и од поразите. Не може се да оди лесно.
Здравје: Блага нервоза.
Стрелец
Денеска можете многу да остварите само ако дадете малку повеќе од себе. Ќе мора да се трудите повеќе од вообичаеното.
Љубов: Контролирајте ги негативните емоции.
Работа: Совршен ден за напредување.
Здравје: Метеоропатски тешкотии.
Јарец
Доколку постојат некои нерешени проблеми, немојте упорно да бегате од нив, туку искористете го денот да ги решите.
Љубов: Можно е големо разочарување. Можеби премногу сте очекувале.
Работа: Денесак ви е потребна сериозност и брзина во работата.
Здравје: Чувствувате притисок.
Водолија
Дајте си себе време да размислите за работите кои ве мачат. Се прашувате дали пропуштате нешто важно. Некои работи не одат добро.
Љубов: Некоја приказна од порано ќе се интензивира.
Работа: Некој пробува да го држи вашето темо, но не му оди.
Здравје: Стабилно.
Риби
Не сте премногу заинтересирани да ги сослушате блиските луѓе и тоа може да предивика бурна реакција.
Љубов: Нема да имате премногу време ниту волја да се посветите на саканата личност и најблиските.
Работа: Не се откажувајте од започнатите работи.
Здравје: Мала нервоза.
