Дневен хороскоп за сабота (20. јуни 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Имате многу обврски кои на некој начин ве оптоваруваат. Не ви е лесно да се организирате на вистинскиот начин.

Љубов: Партнерот покажува дека е подготвен вашата врска да напредува.

Здравје: Минлива кашлица.


БИК

Работа: Пред вас е прилика да дојдете до промена на работата. Ако сте планирале да менувате професија, ќе бидете задоволни. 

Љубов: Посакувате средба со личноста која ќе ви покаже дека кон вас има чувства и симаптии. 

Здравје: Внимавајте на хормоните. 


БЛИЗНАЦИ

Работа: Упорни сте во своите намери да остварите работен успех и нема да застенете додека не ги остварите своите амбиции.

Љубов: Со саканата личност ќе успеете да ги решите проблемите кои ве отптоваруваат некое време.

Здравје: Внимавајте на исхраната.


РАК

Работа: Не е поволен ден на ова поле и може да имате бројни пречки кога е во прашање вашата работа.

Љубов: Разочарувањето на полето љубов може да ве освести. Можно е да дошло време да ги симнете „розовите очила“.

Здравје: Главоболка.


ЛАВ

Работа: На ова поле доаѓа период во кој ќе ви бидат нагласени нестабилности и компликации.

Љубов: Караниците со саканата личност би можеле да ви внесат многу немир и стрес во секојдневниот живот.

Здравје: Можен пад на енергијата.


ДЕВИЦА

Работа: Немојте да очекувте претерано големи промени кога е во прашање работното поле денеска.

Љубов: Доколку сте слободни, нова личност полека ќе вплови во вашиот живот и ќе успее да ви се вовлече под кожа.

Здравје: Воспаленија.


ВАГА

Работа: Вредни сте и многу ви е важно на ова поле да дојдете до остварување на своите цели.

Љубов: Со саканата личност ве очекува период во кој ќе разговарате за сериозни одлуки.

Здравје: Се чувствувате сосема добро.


ШКОРПИЈА

Работа: Водете сметка сами да не правите некои големи грешки кои на работното поле би можеле да ви се одбијат од глава.

Љубов: Ве очекува познанство со личност која ќе покаже дека сака сериозна врска со вас.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Пред вас е одличен ден кога е во прашање работата. Ќе имате некои добри вести од кои ќе бидете задоволни.

Љубов: Ве очекува прилика за почеток на врска. Ново познанство набрзо води до врска.

Здравје: Стабилно.


ЈАРЕЦ

Работа: Може да очекувате дека на ова поле ќе имате интересни пресврти во иднина.

Љубов: Отворени сте во контактот со личноста која ви се допаѓа и ставате до знаење дека сакате повеќе.

Здравје: Болки во грлото.


ВОДОЛИЈА

Работа: Пред вас е прилика да донесете голема и важна одлука кога е во прашање вашето поле на работа.

Љубов: Вашата врска на некој начин е нестабилна и често размислувате за можноста да раскинете.

Здравје: Време е да ја проверите крвната слика.


РИБИ

Работа: Ве очекува прилика да запознаете личнсот која ќе стане многу важен контакт за вас на работното поле.

Љубов: Новата врска ќе ви донесе шанса да ја вратите вербата во љубовта и луѓето. Ве очекува поволен период.

Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.