Дневен хороскоп за сабота (23. мај 2020)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Генерално сте задоволни од работната ситуација, денешниот ден ви е поволен.

Љубов: Интересно познанство ве очекува. Ќе се воодушевите од новата личност.

Здравје: Нема проблеми.


БИК

Работа: Обврските ви се собираат и имате вопечаток дека не можете сами да излезете на крај. 

Љубов: Свесни сте дека ситуацијата меѓу вас и саканата личност не е добра, но не знаете на кој начин да ја промените. 

Здравје: Можни проблеми со несвестица. 


БЛИЗНАЦИ

Работа: Денеска ви успева да ги остварите своите работни цели. Може да очекувате дека ќе имате причина за славење.

Љубов: Иако ви се чини дека саканата личност е искрена кон вас, ќе видите дека постојат некои илузии.

Здравје: Проблеми со стопалата.


РАК

Работа: Можно е да успеете да остварите работен договор со нов, важен клиент.

Љубов: Уживате во својата слобода и не сте подготвени за почеток на некоја нова љубовна врска во следниот период.

Здравје: Вртоглавица.


ЛАВ

Работа: Поволен ден за решавање на административни прашања како и за било какви судски постапки.

Љубов: Љубомората ви е главен проблем во односот со саканата личност. Смирете ги своите нерви.

Здравје: Воспаленија.


ДЕВИЦА

Работа: Денеска решение на некој проблем ви доаѓа од добронамерене соработник. Поволен ден за работа.

Љубов: Ќе минете романтични мигови со личноста која ја сакате. Подготвени сте да се посветите на вашата врска.

Здравје: Посетете лекар.


ВАГА

Работа: Имате голем број обврски, и денешниот ден ви носи напната атмосфера на работа.

Љубов: Наскоро ќе влезете во нова врска. Подготвени сте да му покажете на партнерот дека сакате нешто сериозно со него.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини и течности.


ШКОРПИЈА

Работа: Нема да бидете толку зафатени. Ве очекува ден кој може да биде поволен за одмор.

Љубов: Од партнерот добивате се што ви е потребно. Подготвени сте да уживате во вашата врска која е исполнета со љубов.

Здравје: Имате многу позитивна енергија.


СТРЕЛЕЦ

Љубов: Очекувајте поволен ден во кој ќе имате прилика да ја подобрите вашата финансиска ситуација.

Љубов: Ве очекува период во кој ќе посакате заеднички живот. Ви доаѓа време на важни одлуки и нови чекори.

Здравје: Добро.


ЈАРЕЦ

Работа: Сте дошле до заситување од сегашната работа. Имате впечаток дека одморот ви е неопходен.

Љубов: Очекувајте дека ќе запознаете личност која ќе покаже дека во вашиот живот може да се променат многу работи.

Здравје: Чувствителни синуси.


ВОДОЛИЈА

Работа: Задоволни сте од ситуацијата и во следниот период не планирајте големи промени.

Љубов: Не ве очекуваат промени ниту во односот со саканата личност. Убаво се сложувате кога сте заедно и задоволни сте.

Здравје: Внимавајте на штитната жлезда.


РИБИ

Работа: Големите очекувања нема да бидат исполнети. Време е по прашањето на некои планови малку да се спуштите на земја.

Љубов: Толку сте вљубени да не приметувате некои очигледни маани кај вашиот партнер.

Здравје: Проблеми со мигрена.