Овен
Тлку многу ситни нервози, ситни обврски, разговори, трчања, што со нетрпение ќе чекате да дојде крајот на работното време. Брзо и напорно темпо на случувањата. Во емотивнит сегмент, сте се приближиле на личноста која ве интересира. Почнете акција.
Бик
Имате чувство дека никој не ги слуша важите предлози и идеи. Ве иритира целата ситуација, но моментално не може да направите ништо посебно, освен да пробувате и понатаму. Саканата личност е во некои свои акции и планови, а вам ви е здодевно и ви треба возбуда.
Близнаци
Ви се чини што повеќе брзате, ситуациите се повеќе се одолговлекуваат, а вие самите губите сила и енергија. Немојте да дозволите да ве фаќа нетрпение, така може да направите грешка. Нема да успеете да остварите вистинска комуникација со лицето кое ви се допаѓа.
Рак
Иако и натаму не сте успеале во целост да средите некои ситуации во работниот сегмент, денеска ќе имате причини за радост. Можност за мал прилив на пари е пред вас. Денеска може да му кажете на партнерот нешто кое долго време сакате да му го кажете.
Лав
Сега малку жалите поради некои шанси кои сте ги пропуштиле, но моментално не може да направите ништо по тој повод. Задоволете се од она што го имате. Премногу обрнувате внимание на мислењето на другите. Немојте да дозволите тие да ви го одредуваат односот со саканата личност.
Девица
Денеска херојски ќе се „фрлите“ на работа, затоа што повеќе не сакате да ги отежнувате некои ситуации и договори. Појасно ги согледувате случувањата во работниот сегмент и не се грижите како во претходните денови. Флертување преку работа, дури пстои можност и за тајна средба.
Вага
Немојте да „трчате“ кога некои договори се во прашање. Мора да бидете малку повнимателни и повеќе да размислувате. Немојте автоматски да прифаќате нешто само поради подобра заработка. Нерасположение поради статичност во емотивната врска.
Шкорпија
Пријателите ви се од голема помош и сигурно дека со нивната поддршка ќе успеете да решите некои проблем во работниот сегмент. Ви се чини дека се она што е во врска со личноста која ви се допаѓа, се одвива премногу бавно.
Стрелец
Денот ќе ви почне напорно, и постојат тенденции дека во тој манир и ќе продолжи. Сите нешто очекуваат од вас, а вие не сте расположени за работа. Не сте расположени за дружби, повеќе ќе ви годи да бидете со партнерот во тишина и мир, дома.
Јарец
Полека се склопуваат коцките по некои прашања кои ви биле важни и се доаѓа на свое место. Ќе бидете многу задоволни од она кое денеска ќе го постигнете. Иако ви годи тишина и самотија, можеби треба да излезете. Друштво на пријатели и блиски лица целосно ви одговара.
Водолија
Не е добар момент да почнете со прашања кои ве интересираат, затоа што многу извесно е дека ќе наидете на големи пречки. Оставете го ова за некој друг ден, или дури и за следната недела. Емотивно – многу приказни, но малку акција.
Риби
Иако денот тешко ќе ви падне, поради оптоварност и обврски, сепак, добар момент да завршите некои работи и договори. Лесно ќе стигнете до целта. Со емотивниот партнер повеќе се ангажирате, но премногу сте се потпреле на иницијативата од другата страна.
