ОВЕН
Работа: Иако не сте во потрага за работа, добивате понуда.
Љубов: Доаѓа до подобрување на односот со брачниот партнер. Сметате дека може да ги надминете проблемите.
Здравје: Стабилно здравје.
БИК
Работа: Најмногу сте заинтересирани за финансиите. Првенство давате на обврските кои носат најголема и сигурна добивка.
Љубов: Презадоволни сте од односот со партнерот. Сигурни сте во своите емоции. Почнувате да размислувате за брак.
Здравје: Алергии се можни.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Се наоѓате во необична ситуација. Имате проблеми кои не успевате да ги решите. За вас тоа е нешто ново.
Љубов: Бракот го сметате за стабилен. Партнерот не сака да ве заморува со своите проблеми.
Здравје: Чувствителна глава.
РАК
Работа: На работа доаѓа до несогласувања. Со една страна се колегите и вие, а од друга страна надредената личност. Проблем е што неговиот предлог изгледа како губење време.
Љубов: Брачниот партнер е дистанциран. Не наоѓате заеднички јазик.
Здравје: Проблеми со притисокот.
ЛАВ
Работа: Ја завршувате соработката со странците и сметате дека сте донеле исправна одлука.
Љубов: Брачниот партнер е нерасположен. Се трудите да дознаете што довело до тоа.
Здравје: Внимавајте на исхраната, стомакот е чувствителен.
ДЕВИЦА
Работа: Добивате нова понуда од некогашните соработници.
Љубов: Имате потреба да се грижите за своите деца. Им го посветувате сето слободно време. Партнерот ве доживува како одговорен родител.
Здравје: Променлив притисок.
ВАГА
Работа: Ги работите обврските во опуштена атмосфера. Нема никакви тешкотии и се се одвива како што е планирано.
Љубов: Сакате да го слушнете мислењето на партнерот околу идејата да заминете во странство.
Здравје: Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Работа: Загрижени сте поради финансиите. На работа се зборува дека нема плата, што ви создава стрес.
Љубов: Одржувате контакт со симпатијата која е во странство. Имате впечаток дека далечината е сериозен проблем.
Здравје: Ви недостасува кондиција.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Во потрага сте по спонзор. Комуникацијата ви е одлична, па без проблеми успевате да најдете пари за својот проект.
Љубов: Размислувате за емотивното минато. Свесни сте од грешките кои сте ги правеле.
Здравје: Солидно здравје.
ЈАРЕЦ
Работа: Пред вас е успех. Горди сте на својот труд. Многу време и знаење сте вложиле во работа.
Љубов:
ВОДОЛИЈА
Работа: Успешно го завршувате работниот проект. Уморни сте, но и задоволни од постигнатите резултати.
Љубов: Партнерот е заинтересиран за потомство. Го интересира дали и вие сте подготвени на таков чекор.
Здравје: Потребно е добро да се одморите.
РИБИ
Работа: Ве очекува голем успех кој предизвикува интерес од медиумите. Ви годи нивното внимание.
Љубов: Имате симпатија и подготвени сте за врска на далечина, но симпатијата се двоуми токму поради далечината.
Здравје: Се чувствувате добро.
