ОВЕН
Работа: Ќе успеете да ги решите проблемите на ова поле. Иницијативни сте, енергични и посветени на работата.
Љубов: Внимавајте на комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Би можела погрешно да ги протолкува вашите зборови.
Здравје: Одморајте што повеќе.
БИК
Работа: Доколку прифатете нова работа, може да очекувате дека ќе остварите задоволство на работното поле.
Љубов: Ве очекуваат позитивни случувања со саканата личност. Посветени сте еден на друг.
Здравје: Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Нервозни сте и на работното поле сега лесно може да правите некои мали грешки и пропусти.
Љубов: Ако сте слободни, пред вас е средба со личност која ќе го привлече вашето внимание во голема мера.
Здравје: Хронични проблеми.
РАК
Работа: Имате добар став кога е во прашање работата и посветени сте на своите цели.
Љубов: Време е на личноста која ви се доапаѓа, да и ги признаете чувствата кои ги имате кон неа. Поволен ден за влегување во врска.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
ЛАВ
Работа: Ве очекува фаза која може да ви биде комплицирана на некој начин. Потребно е трпение.
Љубов: Успешно ќе ги надминете конфликтите кои досега сте ги имале во бракот. Чувствувате олеснување.
Здравје: Водете сметка околу стомакот.
ДЕВИЦА
Работа: Патувањето кое сте го планирале може да ви донесе напредок. Се чувствувате добро.
Љубов: Можно е ново љубовно познанство кое во вашиот живот ќе внесе некоја доза на возбуда.
Здравје: Проблеми со мочните патишта.
ВАГА
Работа: Иако сте имале прилика за дополнителна заработувачка, можно е да не сте ја искористиле, и сега се каете.
Љубов: Ве очекува интересно познанство со личност која ќе покаже дека е оригинална и поинаква од другите.
Здравје: Тегоби со грлото се можни.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате можност да ги решите проблемите. Понуди доаѓаат до вас и задоволни сте.
Љубов: Саканата личност ќе покаже дека сака крај неа да бидете задоволни. Ве очекува поволен период.
Здравје: Наклонети сте кон качување на тежината.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ве очекув апериод во кој ќе имате дилеми на ова поле. Важно е да бидете подготвени да се посветите на обврските.
Љубов: Сте се вљубиле во личност која е оригинална и поинаква.
Здравје: Водете сметка околу очите.
ЈАРЕЦ
Работа: Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите цели. Вашите идеји ве носат до успех.
Љубов: Ви се допаѓа личност која живее далеку. Подготвени сте на врска на далечина иако не сте сигурни како тоа ќе функционира.
Здравје: Наклонети сте кон депресија.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во текот на денешниот ден ќе успеете да завршите некои проекти кои ги сметате за важни.
Љубов: Ве очекува шанса да влезете во тајна или необична врска која би траела долго во иднина.
Здравје: Вкочанетост.
РИБИ
Работа: Имате прилика со соработниците да направите план кој ќе ви донесе значајни поместувања.
Љубов: Саканата личност максимално ве поддржува на вашиот пат кон остварување на амбициите.
Здравје: Мали проблеми со циркулација.
