Дневен хороскоп за вторник (28.02.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овен 

Ложите односи во вашата работна средина станале неподносливи, па вам не ви преостанува ништо друго освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминување ќе ја искомплицирате и онака независната финансиска ситуација.

Бик 

Се чувствувате како да сте блокирани, како сите ваши обиди на дипломатски начин да решите, се оневозможени. Избегнувајте ги конфликтите со авторитетите и поддршката барајте ја меѓу младите соработници кои во овој период ви се наклонети.

Близнаци 

Не знаете поради што ја пропуштиле работната понуда која ви „ибегала“. Во врска со тоа, очекувате разговор во кој нема да ви биде пријатно. Ако подготвено ја поднесете критиката и понудете логично оправдување, работата можеби не е загубена.

Рак 

Ова е важен ден за вас. Ви се отвора прилика да ги довршите почнатите работи, а вечерта очекувајте вест во врска со нешто што одамна сте престанале да го исчекувате. Брзо реагирајте, во спротивно би можело нешто крупно да ви се „испушти“.

Лав 

Партнерот ве провоцира и ве искушува, па во афект ви излетува нешто што сте сакале да го премолчите. Се може да кулминира со одлука од која стравувате. Се наоѓате во незавидна ситуација, не сакате понатаму, но не сакате ни да раскинете.

Девица 

Вклучете ги соработниците и направете план на колективна работа. Успехот е можен само на таков начин. Вашата заедничка работа ќе ја одработувате со големо задоволство, така што успехот е извесен. Внимавајте на финансиите, ве очекува непланиран трошок.

Вага 

Ги прифаќате работите кои вашите соработници требало да ги завршат. Од некоја причина сметате дека вашата должност е да се жртвувате. Моменталниот фокус насочете го кон љубовниот живот, затоа што саканата личност можеби е осамена.

Шкорпија

Пред вас е ден полн со динамика. На раб на издржливост сте. Веќе извесно време ве мачи нешто на работа, но не сте во ситуација да се спротивставите. Внимавајте, безизлезната ситуација може да ве натера да направите скандал.

Стрелец 

Време е за селекција. Отфрлете ги неколку работи кои веќе некое време ви се извор на големи грижи. Било да станува збор за човечки ресурси или за проекти, ве чека тешка одлука околу рестрикции поради кои со многу луѓе ќе се замерите.

Јарец 

Мал одмор многу ви значи. Краткотрајно полнење на енергија потпомогнато со внимание од саканата личност коа денеска несебично ве поддржува. Уживајте во паузата, ќе ви треба многу кондиција за обврските кои следуваат.

Водолија 

Некои фамилијарни обврски не сте ги исполниле на време, па дојде мигот кога веќе нема одложување. Наместо да се лутите на себе што тоа сте го дозволиле, веднаш фрлете се на работа, а анализа на ситуацијата оставете за некој друг ден.

Риби 

Во центарот на вниманието се фамилијарни односи, било да станува збор за вашата фамилија или вашиот партнер. Пожртвуваноста е нешто што ве одликува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Слободното време сакате да го преспиете.