ОВЕН
Работа: Немојте да ризикувате ниту на едно поле денеска затоа што може да останете оштетени. Особено избегнувајте големи вложувања.
Љубов: Очекувајте интересни случувата со личност која ја познавате од порано.
Здравје: Чувствителни ви се очите.
БИК
Работа: Ве очекува поволен ден за соработка со личност која е родена во знакот Лав. Заедно доаѓате до успех.
Љубов: Можно е да не сте сигурни дали сакате да останете во врската во која сте моментално.
Здравје: Проблеми со стомакот.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве очекува важен состанок на кој на некој начин ќе се одлучува околу вашата иднина.
Љубов: Можно е да ви се допаѓа некоја помлада личност. Ќе пробате да и ставите до знаење дека сакате врска.
Здравје: Добро се чувствувате.
РАК
Работа: Можно е да имате некои неразјаснети ситуации на работното поле. Сега е време да се посветите околу тоа.
Љубов: Сте имале големи очекувања и сте останале разочарани. Не треба да верувате на погрешни луѓе.
Здравје: Проблеми со штитната жлезда.
ЛАВ
Работа: Во текот на денешниот ден се зависи од вас. Вашите одлуки сега се клучни за расплет на работната ситуација пред вас.
Љубов: Може да се надевате на убави случувања со личноста која ја сакате. Уживате во романтика.
Здравје: Вртоглавица е можна.
ДЕВИЦА
Работа: Не е претерано поволен ден за нови случувања кога е во прашање работата. Потрудете се да завршите некои стари обврски.
Љубов: Ве очекува средба со личност која за вас е посебна и со која сакате повеќе.
Здравје: Проблеми со несоница.
ВАГА
Работа: Не сте сигурни во одлуката која сте ја донеле и почнувате да разгледувате и други опции. Работната ситуација ви е некако недифинирана.
Љубов: Некоја личност која неодамна сте ја запознале, упорно пробува да ви се приближи.
Здравје: Хронични проблеми.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекува многу важен ден за работното поле. Потрудете се да избегнете правење на било какви грешки.
Љубов: Саканата личност ви замерува. Почнува период во кој караниците ќе станат се почести.
Здравје: Вкочанети сте.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Се подготвуваат промени во вашиот колектив, а вие не сте сигурни како ќе се одрази на вашето работно место.
Љубов: Вашиот ладен став кон партнерот наскоро ќе доведе до распат на заедницата.
Здравје: Кичмата и грбот ви се чувствителни.
ЈАРЕЦ
Работа: Доколку сте се надевале на некоја нова соработка, ќе бидете задоволни од исходот на денешниот ден.
Љубов: Засега не сте заинтересирани за сериозна врска. Авантура ви е пореална варијанта.
Здравје: Генерално добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ве очекува подобрување на финансиите денеска. Пред вас е позитивен ден и кога е во прашање работата.
Љубов: Имате потреба да ја завршите врската која некое време се развлекува. Сте виделе и сами дека таа приказна не води никаде.
Здравје: Избегнувајте ги пороците.
РИБИ
Работа: Поволен ден за некоја нова работа. Доколку барате работно место, денеска е вашиот среќен ден!
Љубов: Ве очекува почеток на врска која би можела да трае на долги патеки во иднина.
Здравје: Добро се чувствувате.
