ОВЕН
Работа: На работа ќе бидете незадоволни. Оптоварени сте, а голем придонес има и фактот дека не го работите она што го сакате.
Љубов: Нагласена е појава на значајна личност во вашето опкружување, која ќе побуди емоции.
Здравје: Чувајте се од настинка.
БИК
Работа: Бидете малку повеќе заинтересирани за работа. Со трпение ќе може да надминете некои непријатни ситуации со кои се соочувате.
Љубов: Тешко ќе останете осамени, со оглед дека вашите квалитети шарм, елоквенција, елеганција и нормално – убавина.
Здравје: Внимавајте на општото здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе добиете убава понуда. Личност од работната околина ќе ви даде предлог кој ќе го прифатите.
Љубов: Некои емоции сте ги криеле, но тие стануваат очигледни.
Здравје: Внимавајте на настинка.
РАК
Работа: Штедливи сте, па потрудете се и денеска максимално да се воздржите од трошење, затоа што постои голема можност за непланирани трошоци.
Љубов: Ќе ве привлече личност од вашето опкружување, за која некое време сте успевале да ја криете својата заинтересираност.
Здравје: Очекувајте мигрена.
ЛАВ
Работа: На работа ве очекува неизвезност и напнатост. Се надевате на важни вести кои се однесуваат на решавање на вашите финансии.
Љубов: Ако сте во врска, може да ги исправите грешките, кои сами сте ги направиле со претерено задоволување на своите потреби, а партнерот поради тоа сте го запоставиле.
Здравје: Одговорно користете ја терапијата која ќе ви биде препишана.
ДЕВИЦА
Работа: Низ работа ќе се покажете како одговорен и достоен за она што го работите. Очекувајте позитивен одговор и успех.
Љубов: Конечно, сте наишле на личност која во целост ве прифаќа и нема никаква замерка на вашиот темперамент.
Здравје: Регулирајте ја исхраната, обратете се на нутриционист.
ВАГА
Работа: Финансиите ги следат сите резултати, па немате причина за загриженост. Невработените ваги ќе добијат работа која некое време ја чекаат.
Љубов: Со вашиот љубовен живот се е во ред, недостасува само малку возбуда.
Здравје: Проблеми со очите се можни.
ШКОРПИЈА
Работа: Преку едно пријателство ги остварувате своите желби и добивате место кое ви одговара и за кое сте се школувале.
Љубов: Ви се „насмевнува“ љубов и тоа под необични околности.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Презафатени сте со работи. Имате на ум многу планови, но нема да успеете сите да ги реализирате. Не работете ништо однапред, туку само тоа што ви е заостанато.
Љубов: Ќе уживате во разбирање и во поддршката на партнерот.
Здравје: Најдете време за здравјето, затоа што долго време не сте биле на преглед.
ЈАРЕЦ
Работа: Не е време за големи амбиции, на кои сте навикнале, туку на стагнација на работното поле. Ова е важно за оние кои се занимаваат со приватен бизнис.
Љубов: Личноста која во минатиот период го имала вашето внимание, може да ја превземе иницијативата.
Здравје: Посетете лекар доколку ве боли стомакот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не вложувајте во нови работи и не носете било какви одлуки. Поместете ги сите термини за подоцна.
Љубов: Ќе се појави личност која ќе ви ја врати вербата во љубов.
Здравје: Прекинете со пушење цигари.
РИБИ
Работа: Немојте вашите финансиски загуби да доведат до очајување, затоа што ова е само моментална ситуација. Ќе добиете понуда за усовршување на една работа. Прифатете го за да напредувате.
Љубов: Ако сте во врска, можеби ќе се одлучите да ја официјализирате, а слободните Риби нека уживаат во страст и исполнет ден.
Здравје: Стомачни тегоби се можни.
