Кинеската вакцина нема добиено зелено светло од Европските регулативи, но министерот за здравствено Венко Филипче вели дека тоа не е проблем за таа да се набави и користи во земјава.
Потенцира дека сите вакцини се со одличен квалитет и дека истите веќе ги поминале националните агенции за лекови.
„И во Кина и во Русија и во било која друга земја која што ќе започне се сосема доволни националните агенции за лекови. Сега и во Германија се појавува нова вакцина“, рече Филипче во интервју за ТВ21.
Во однос на донацијата од Србија, министерот Филипче вели дека ги чекаат фајловите од Фајзер, а потоа веднаш ќе може да ги преземеме вакцините.
Вели дека целосно земјава е подготвена дури и за вакцините од Фајзер кои треба да се чуваат на -70 степени.
Иако Србија рече дека вакцините ќе ни ги донира, сепак премиерот Зоран Заев подоцна изјави дека ние како земја ќе ги платиме истите.
