До каде е ВМРО-ДПМНЕ со собирањето потписи за одложување на пописот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 се разговараше и за тоа тоа до каде е ВМРО-ДПМНЕ со собирањето потписи за одложување на пописот.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска вели дека процениле оти нема да можат да ја разубедат власта да ги прифати нивните аргументи и поаѓајќи од оние работи кои што ги утврдиле дека тие стојат непроменливо на истите, а гледајќи ја сериозноста од самото политизирање од страна на Власта на законот за попис на населението сметале дека имаат уште една алатка со која можат да ја подигнат свеста и да укажат дека некој работи и нема да одат како што ги замислиле на коалициската база.

„Ние разговаравме со власта и во претходниот парламентарен состав дискутиравме за тогашното предлог законско решение кое што требаше да се спроведе за попис 2020. Не беше баш едноставно но дојдовме до одредено разбирање бидејќи во тој момент се уште не беше главна тема пописот, туку повеќе беше целта на доаѓање на попис имаше некој други теми со којшто власта беше пофокусирана и тука одредени работи кои што тие се обидоа да ги поминат проценувајќи ги претходните искуства на претходните пописи, ние баравме да си останат одредени нешта коишто се важни и не можат да се иземат“, вели Василевска.

Таа додава дека нивна заслуга е тоа што се вратило попишувањето на националната графа.