„Добредојдовте дома, во Русија“, вели Медведев по резултатите од референдумите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев ги коментираше резултатите од референдумите организирани во четирите украински региони кои се под руска контрола.

На нив, жителите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск и делови од Запорожје и Херсонската област заземени од Русија беа прашани дали сакаат да се приклучат на Руската Федерација.

„Резултатите се очигледни. Добредојдовте дома, во Русија!“, напиша тој вчера на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС, цитиран од БТА.

Референдумите, отфрлени од Киев, Вашингтон и ЕУ како лажни и незаконски, се одржаа на 23 и 27 септември. Властите на областите под контрола на Русија објавија дека 87 наспроти 99 отсто од оние кои учествувале во гласањето гласале за влез во Русија.