„Добро е АА да оди сама на избори“ – Дали партијата на Таравари ќе преземе таков ризик?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијансата за Албанците сè уште не одлучила дали ќе оди заедно со ДУИ на следните парламентарни избори. Шефот на оваа партија Арбен Таравари неколку пати кажа дека би било добро самите да излезат на избори, но во партијата има и други мислења.

Синоќа во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 министерот кој доаѓа од оваа партија Азир Алиу исто како Таравари порача дека АА треба сама да оди на избори.

„Засега сметам дека АА даде перформанс и во опозиција и во власт, сметам дрка треба да проба сама“, вели Алиу.

Но дали постои ризик партијата да добие помалку мандати ако излезе сама на избори?!

„Со добра и транспарентна комуникација со граѓаните верувам дека ќе ги убедиме граѓаните дека едноставно работата што ја вршиме сега од друга гледна точка, не како опозиција туку како власт, верувам дека граѓанинот како последен корисникот ќе разбере дека процесите што ги создаваме се различни од сите други партии и ќе ни дадат доверба.“, рече Алиу.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, претходно ги повика сите албански партии да излезат на избори со заеднички листи или како што го нарече Европскиот фронт, дури и не исклучувајќи ја СДСМ, но засега, како што изгледа, нешто ова нема да се случи.

Албанската опозиција веќе направи блок меѓу ДД, Беса и Алтернатива, кои најавија дека заедно ќе одат на избори. Во меѓувреме, има уште две партии, Народното движење на Скендер Реџепи Зејди и ДЕП на Аријан Хоџа, кои се уште официјално не одлучиле како ќе настапат на изборите.