За време на изборната кампања, медиумите објавија договори склучени во општинските претпријатија на Тетово. Во ЈКП „Шари“ биле регистрирани 141 договор, а во ЈКП „Тетово“ 137 договори. Исто така, „Тетово Транспорт“ имала склучено 25 договори.
Општина Тетово во 2025 година, преку Агенцијата за вработување „Job 2012“, реализирала вработувања во вредност од 35 милиони денари.
На новинарско прашање за ова, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека станува збор за исплати за извршени услуги и дека во општина Тетово нема нови вработувања – ниту во администрацијата, ниту во јавните претпријатија.
„Не биле договори преку Xhob, туку биле исплати, исплати што им се извршени на одредени лица врз основа на одредени ситуации. Има добиено проекти, имало одлука од Советот. Значи, не биле договори и тука имаше злоупотреба на информации од јавен карактер. Сите вработени со постојано и привремено решение преку приватната агенција – сега сме во фаза на уредување на веб-страницата на општината и сите ќе бидат објавени на веб-страницата. Ние ги објавивме сите како листа, но не беше коректно да се објават сите вработени за да не дојде до злоупотреби. Но ќе бидат објавени според секторите и единиците на општина Тетово.“, рече Касами.
На прашањето дали ќе бидат објавени сите издадени договори, имајќи предвид дека ЈКП Тетова 20 месеци не исплаќало придонеси за вработените, а пред изборите склучило 137 договори, Касами одговори:
„Сметам дека во тој аспект ќе има транспарентност за сите вработени и во претпријатијата, бидејќи за претпријатијата оваа година дадов наредба – но беа административни проблеми – вработените да бидат вработени во самите претпријатија, со постојани и привремени решенија, и тоа од 1 јануари ќе го имплементираат сите претпријатија.“
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, веднаш по преземањето на мандатот изјави дека во општина Тетово нема да има тајни договори и дека сите договори ќе бидат објавувани на секои три месеци. Исто така, едно од неговите главни изборни ветувања била токму – транспарентноста.
