Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, истакна Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил посочи дека Договорот од Преспа го сменил лицето на Балканот.

„Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите. Со пресвртот на водењето на Северна Македонија започнавме ново поглавје, со кое на Европа и светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови.#PrespaForumDialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули во Македонија е уште еден чекор за што повеќе изградени Балкански мостови“, пишува Заев.