Германскиот железнички оператор „Дојче бан“ во 2024 година платил речиси 197 милиони евра, како компензација за доцнење и откажување на возови во 2024 година, објави компанијата.
Во текот на годината биле поднесени околу 6,9 милиони барања. За споредба, во 2023 година биле поднесени 5,6 милиони, а бил платен надомест од 132,8 милиони евра.
„Ако возот доцни, нашите патници имаат право на компензација, и ние го плаќаме без спор“, велат од „Дојче Бан“.
Според компанијата, 80% од доцнењата се поради преоптоварена инфраструктура. Над една третина од возовите доцнеле повеќе од шест минути. Ова е најлошиот индикатор за точност на германската железничка мрежа во последните две децении.
