Дојдовме, видовме, победивме! – Пандев, Елмас, Несторовски, Муслиу, Алиоски… Ви благодариме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Елмас, па Несторовски, до Пандев….

Па еуфорија….

Македонија е на Европско првенство.

Во еуфорија, заборавен беше и вирусот, но и забраната за групирање

Додека во Скопје се славеше, фудбалерите се подготвуваа да полетаат кон дома. Но, поради густата магла, немаше услови авионот да следа на скопскиот аеродром. Беше пренасочен во Приштина.

Од таму, со автобуси, преки граничниот премин „Блаце“, дома. Покрај тоа што беше четири часот наутро, имаше и такви кои што не може да заспијат, па одлучија да ги пречекаат фудбалерите на самиот граничен премин.

На најдобриот му се исполни желбата. Се повлече од репрезентацијата, па повоторно се врати за да се обиде да го исполни сонот, пласман на ЕП. Успеа во тоа, иако како што вели, ниту тој самиот не верувал дека на 38 години ќе се пласира на едно вакво натпреварување.

„Сонот ни се оствари, сите заедно да се радуваме и да настапуваме со победи на ова ЕП. Знамее сите дека поминавме долг пат да ситгнеме до ова ЕП. Навистина дечките го заслужија ова ЕП и уште не сме свесни што направивме“, истакна Горан Пандев.

Ова е едно семејство. Репрезентацијата пет години е обединета за една и единствена цел.

„Среќни сме што успеавме да го обединиме народот затоа што ние во репрезентацијата така живееме пет години. Без разлика на етничка, верска или било каква припадност, бевме едно големо семејство, а сето тоа ни донесе успех, а тоа е пласман на ЕП“, вели Игор Ангеловски.

„Би сакал да упатам големи честитки до овие херои кои ја донесоа оваа победа, победа која ќе се запише со златни букви и ќе се памети во нашата држава“, додаде Мухамед Сејдини.

Тука беше и владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби.

„Еден гол за сите, една победа за сите, тоа е можно само заедно, Македонци, Албанци, Турци, во исти дрес, под едно знаме, за заедничката татковина…Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден“, вели Зоран Заев.

Пандев, Елмас, Несторовски, Алиоски, Муслиу, Димитриевски, Адеми, Ристевски, Николов, Бејлтулаи, но и Барди и Велковски кои не играа синоќа, како и сите други кои го носеа дресот на репрезентацијата не само на синоќешниот меч, туку и на претходните неколку натпревари, ќе останат запишани со златни букви во историјата на репрезентативниот фудбал. Во тешки времиња, донесоа радост.