Доктор истрча 35 километри со маска за да докаже дека се сигурни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Том Лоутон, доктор од Обединетото Кралство, се решил да трча со заштитна маска, и да провери како тоа може да влијае на нивото на кислород. Истрчал 35 километри, и често го проверувал нивото на кислорот.

„Нивото на кислород беше 98%, секогаш кога го проверував“, напишал Лоутон на „Твитер“.

За „Си-Ен-Ен“ рекол дека целта му била да покаже дека маските се безбедни за луѓето.

Додека едни апелираат да се носи маска, па дури и на отворено, други стручњаци велат дека тие се штетни.

„Бев изнервиран кога видов дека некои седат без маска, и тврдат дека маската им го намалува нивото на кислород“, рече тој.