Докторка од Словенија обвинета: Издавала лажни потврди за прележан коронавирус за само 50 евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Докторка од Помурје во Словенија издавала потврди за коронавирус за 50 евра. Една новинарка и се претставила на докторката како личност која била во контакт со заразено лице, но не била тестирана. Таа и рекла дека нема проблем и дека ќе и издаде потврда за 50 евра, под услов да биде тестирана за присуство на антитела. Националниот институт за јавно здравје одговори на новинарско барање дека станува збор за прекршок во надлежност на државниот инспекторат.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, обвинетата докторка изјави дека ги издавала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека некој прележал коронавирус.

Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија.